• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Фестивалот EXIT и Coca-Cola го носат најдоброто светско фестивалско VR-искуство со низа домашни настани

31 мај 2023, 15:18
  • cподели

Скопје и Струмица овој викенд ќе ја искусат магијата на EXIT-VERSE@Coke Studio серијалот настани.

Продолжениот викенд пред нас носи неповторлива енергија за сите љубители на EXIT фестивалот. Заедно со EXIT и Coca-Cola, регионални и локални музички ѕвезди ќе ја пренесат магијата на EXIT-верзумот во центарот на Скопје и Струмица.

EXIT и Coca-Cola

Серијалот на настани започнува во сабота во Струмица, каде на плоштадот Гоце Делчев ќе настапат локалните херои Андреј Мицајков, SoulCase и гостинот од соседна Србија – ZarEz.

Забавата во недела се сели во срцето на Скопје - на Школката во Градскиот Парк , каде локална поддршка ќе дадат ДЈ Васо, Чваре и ZarEz.

Освен во неповторливата EXITVERSE@Coke Studio атмосфера, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во Тркало на среќата и други разни активации, каде најсреќниот учесник ќе добие Златен тикет, кој содржи две ВИП – влезници за целото времетраење на EXIT фестивалот во Нови Сад.

Двата настана се отворени за јавноста, и започнуваат во 14 часот, а ќе траат до 22 часот.

EXIT и Coca-Cola EXIT и Coca-Cola

EXITVERSE @ Coke Studio е името кое ги поврзува серијалот настани низ неколку градови во Северна Македонија и Србија, кои ќе траат до 18 јуни, а се поддржани од EXIT и Coca-Cola.

Откако минатата година фестивалот EXIT премиерно го претстави ексклузивниот VR-проект на Светската изложба „ЕкспоДубаи“, најдоброто светско фестивалско VR-искуство, на посетителите на EXITVERSE @ Coke Studio ќе им даде можност виртуелно да го искусат фестивалот EXIT од местата што никому не му се достапни – точно пред Дејвид Гета на Главната сцена или покрај Соломон и Пол Калкбренер на Денс Арената!

EXIT и Coca-Cola

EXITVERSE @ Coke Studio претставува еден вид турнеја, чија цел е ширење на енергијата и духот на фестивалот EXIT, како и поврзување на локалните заедници со регионалната музичка сцена, со што посетителите ќе имаат можност да уживаат во електронската музика и да доживеат уникатно EXIT-искуство во своите градови.

Ексклузивниот VR-проект на EXIT првично беше претставен на Светската изложба „Експо 2020 Дубаи“ во рамките на Српскиот павилјон, и оттогаш VR-зоната е составен дел од сите фестивали и настани на EXIT. Овој импресивен аудиовизуелен проект е составен од познати фестивалски локации снимени со камера 8K 360 VR, од кои некои целосно се недостапни за посетителите. Посетителите на фестивалите EXIT и „Sea Dance“ имаа можност да го искусат најдоброто светско фестивалско VR-искуство, и тоа во специјални VR-зони во рамките на фестивалот, како и на изданијата на конференцијата „Tomorrow“.

EXIT и Coca-Cola

Coke Studio е уникатна музичка платформа што поврзува разновидни таленти од целиот свет со цел да претстави иновативни и креативни соработки во индустријата. Платформата обединува уметници од разни жанрови, позадини и стилови со цел да создаде силни музички доживувања и да ги промовира културата и заедништвото. Преку своите многубројни сезони, Coke Studio стана познато по создавањето автентични споеви и извонредни настапи.

На фестивалот EXIT, од 6 до 9 јули на Петроварадинската тврдина ќе настапат лидерите на најбараните турнеи во светот, и тоа The Prodigy, боговите на рапот Wu-Tang Clan, рекордерот во Греми-награди Skrillex, Chase & Status, Rico Nasty, како и Eric Prydz, Nina Kraviz, Amelie Lens, Indira Paganotto, Alesso, Viagra Boys, Dimitri Vegas & Like Mike, Claptone, Keinemusik, Michael Bibi, Hot Since 82, CamelPhat, Ben Böhmer live, Agents Of Time live, Mind Against, Chase & Status, Sofi Tukker, LF System, Mahmut Orhan, Burak Yeter и многу други.

Tags
EXIT
Coca-Cola

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.