• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Фестивал на чоколадото во Веро Центарот

19 февруари 2013, 17:33
  • cподели

На 22 февруари во Веро Центарот ќе започне несекојдневен фестивал на чоколадото наречен „Чоколадна земја“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во изборот од над 1000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители, бели, црни чоколади со различни вкусови и разни додатоци. Наменет пред сè за најмладите и нивните родители, но и за сите вистински љубители на чоколадите, овој фестивал ќе донесе многу радост и среќа за сладокусците. Покрај можноста за дегустација, секој посетител ќе може и да купи производи по промотивни цени и да ужива со своите блиски во специјалната и богата програма.

Фестивал на чоколадото

Сите го сакаат чоколадото, без разлика дали се деца или возрасни. Колку и години да имате, со ист интерес ќе уживате во неговиот вкус и ќе сакате да научите нешто плус за вашиот омилен десерт. Во Веро Центарот ќе имате можност да го истражите светот на чоколадото и да ги  споделите искуствата со вашето семејство и пријателите.

„Станува збор за фестивал кој за првпат се одржува во земјава и кој се надеваме дека ќе прерасне во традиција, по што ќе биде препознатлив нашиот град и Веро Центарот. Се потрудивме да донесеме што повеќе производители со цел да го збогатиме овој настан и се надевам дека ќе предизвикаме безброј воздишки кај сите граѓани кои ќе го посетат Веро Центарот за време на фестивалот“ – изјави Костас Теодосијадис, генерален директор на Веро супермаркетите.

Фестивал на чоколадото

Овој фестивал, покрај дегустацијата и можноста да се видат и купат сите чоколадни задоволства, ќе има и едукативен карактер. Имено, првиот викенд ќе бидат организирани чоколадни донации на кои ќе се одржи продажба на рачно изработени чоколади.

Вториот викенд ќе се организира чоко работилница каде дечињата ќе имаат можност да учат да изработуваат чоколадни колачиња и разни други чоколадни форми во придружба на артисти. За третиот викенд предвидени се игри со големо домино, куглање и хулахоп, додека последниот викенд ќе се организира голема детска забава придружена од детски хор, бинго и други забавни игри кои како содржина се предвидени и претходните викенди.

Веро Центарот ги повикува сите дечиња заедно со нивните родители да дојдат и да ги вкусат најслатките чоколади и да уживаат во светот создаден само нив.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.