• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Fashion Group моден партнер на Даниел Кајмакоски за Евровизија 2015

16 април 2015, 11:55
  • cподели

Fashion Group ја продолжува традицијата на поддршка на претставниците за Евровизија, па по минатогодишната соработка со Тијана Дапчевиќ, оваа година компанијата се јавува како моден партнер на Даниел Кајмакоски.

Даниел ќе носи облека, обувки и модни додатоци од брендовите кои ги опслужува компанијата како Bata, Geox, Timberland, Fashion&Friends, Springfield, Celio*, Bitsiani, Hugo Boss... Младешкиот дух и ведрината која ја проектира Даниел одлично одговараат со духот на брендовите на групацијата, a Fashion Group ќе биде задолжен за изгледот на Даниел при секое негово појавување во текот на подготовките, промо турнејата како и за време на престојот во Виена, Австрија.

Даниел Кајмакоски

При изборот на облека од брендовите, освен познатата стилистка Ивана Ребреновиќ, и самиот Даниел активно ќе биде вклучен во процесот и ќе ги бира и споделува своите омилени модни парчиња на социјалните мрежи, изразувајќи го сопствениот стил, преку кој фановите ќе ја запознаат неговата „модна“ страна. Партнерството со Даниел ќе продолжи и по завршувањето на Евровизија 2015 преку неколку заеднички проекти, кои ќе бидат дополнително објавени.

Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски

Ова не е првата соработка на компанијата со Даниел Кајмакоски, кој при крајот на 2014-тата година соработуваше со брендот Bitsiani за неколку свои настапи. Fashion Group ги препознава и поддржува македонските таленти, овозможувајќи им да изгледаат убаво, модерно и да се издвојуваат од останатите. Богатото портфолио на брендови, дел од групацијата, им прилегаат на различните вкусови и потреби на купувачите, кои сакаат да бидат во тек со модата и трендовите, а притоа самите да можат да го пронајдат својот карактер и вкус „отсликан“ преку модните парчиња од различните брендови.

Тимот на Fashion Group му посакува успешен настап на Даниел Кајмакоски, среќа и пласман во финалната вечер.

Tags
Даниел Кајмакоски

Најнови

  • Меланија Трамп магнет за погледи во креација од Диор на државната вечера во чест на кралот Чарлс и кралицата Камила

    Wed, 04/29/2026 - 09:01
  • Врсничко насилство

    „Ако домот не е безбедното место, надвор потешко ќе го најдат“: Апел на психологот Живановиќ по потресниот случај на врсничко насилство

    Tue, 04/28/2026 - 13:17
  • Сложни бивши: Заводникот Вилијам Леви и Елизабет Гутиерез се обединија за 16-тиот роденден на ќерката

    Tue, 04/28/2026 - 12:36
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.