Емра Куртишова и Петар Стојанов го ценат секој момент поминат во релаксирана атмосфера со ќеркичката.
Македонската актерка, која е позната како Исаура од „Преспав“, сподели албум со фотографии од одморот со малата Лена.
„Фала ти, Боженце🙏 Не постои поголема среќа од спокој во душата!“ – напиша Емра.
Емра и Петар се запознале во Театарот за деца и младинци, каде што се колеги. Тие се заедно повеќе од шест години, својата љубов ја крунисаа со брак во јуни 2023 година, а нивната ќерка се роди на крајот од истата година.