• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Еве како девојка им возврати на оние кои го навредуваа нејзиниот сакан поради изгледот

9 јули 2015, 11:00
  • cподели

Кога Ешли Стивенс го фатила бидермаерот на свадбата на нејзина пријателка, решила да сподели забавно селфи на Facebook. Но, таа не можела ни да претпостави дека фотографијата ќе предизвика лавина од негативни коментари за нејзиното момче Кристофер Рид.

Фотографијата добила повеќе од 2.600 коментари, но за жал, голем дел од нив биле навредливи и вклучувале зборови како „дебел“, „ретардиран“ и „со Даунов синдром“, како и констатации дека тој не ја заслужува Ешли.

„Луѓето велеа дека таа е премногу згодна за мене и дека изгледам како да имам Даунов синдром“ – изјавил Кристофер. Ешли Стивенс и Крис Рид

Откако ги прочитала коментарите, Ешли на Facebook му се обратила на својот сакан и на сите оние кои го навредиле за да им докаже дека љубовта е повеќе од надворешен изглед и дека не треба да ѝ судат на личност која не ја познаваат. Еве го нејзиниот текст:

„Ако ги виде коментарите на нашата фотографија која стана вирален хит, тие се прилично површни и сурови. Те советувам да не ги читаш. Ме изненадува колку многу луѓе брзаат да ти судат кога не те ни познаваат.

Дозволете ми само да ви кажам, јас добив џекпот со Кристофер. Тој можеби нема стомачни мускули цврсти како камен, какви што светот им советува на девојките да бараат кај момчињата, но зошто воопшто би било тоа важно кога се обидувате да најдете некој со кого би го поминале остатокот од својот живот? Тој е толку внимателен и трпелив, секогаш наоѓа мали начини за да ми покаже колку ме сака, тој ми е најдобар пријател. Го сакам поради она што е, а и тој ме сака поради она што сум. Полн е со разбирање и љубов и има смисла за хумор, што е вистинска реткост во денешно време!!

...Бог ги виде желбите во моето срце и ме благослови со Кристофер. Тој ме доближува до Бог преку молитва и љубов. Знам дека Бог ќе нè искористи и двајцата за прекрасни нешта, бидејќи сме одличен тим!

Во врска со грубите коментари, ние ја знаеме вистината и ќе ги блокираме оние кои зборуваат со омраза. Уживајте во нашата фотографија.“

Ешли Стивенс и Крис Рид

По купот од негативни коментари, многу роднини и пријатели им ја дале својата поддршка на заљубените партнери. „По сите тие негативни коментари, бевме пријатно изненадени од начинот на кој нашето семејство и пријателите застанаа на наша страна“ – рекол Рид во интервју за People.

Ешли Стивенс и Крис Рид Ешли Стивенс и Крис Рид

Парот е во врска две и пол години, а Ешли е категорична дека сака да го помине животот со Крис и дека е неверојатно среќна со него. „Луѓето треба повеќе да се грижат за она што е внатре. Важно е што тој прави да се чувствувам посебна и среќна. Јас сум најсреќната девојка на светот“ – рекла Ешли.

Tags
исмејување

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.