• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ева Мендес откри зошто не го придружуваше Рајан Гослинг на Оскарите

13 март 2017, 13:07
  • cподели

Ева Мендес и Рајан Гослинг се меѓу холивудските парови кои ретко се појавуваат заедно на црвениот тепих. И покрај тоа, многумина сметаа дека Мендес ќе го придружува сопругот на овогодишното доделување на оскарите, каде тој беше номиниран во категоријата Најдобар актер. Сепак, тоа не се случи.

43-годишната актерка и дизајнерка сними фотосесија за априлското издание на списанието „Shape“, ја откри причината зошто не присуствуваше на Оскарите и зборуваше за враќањето во форма по бременоста.

Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес

За нејзиното отсуство на Оскарите: „Она што луѓето не го знаат за мене е дека обожавам да сум дома. Претпочитам да сум со нашите девојчиња наместо да чекорам на црвениот тепих.“

Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес

За враќањето во форма по породувањето: „На некој начин, поголем предизвик ми беше враќањето во форма по раѓањето на втората ќерка. Но, не е толку тешко колку што си мислев дека ќе биде, бидејќи секогаш трчам со децата. Никогаш не седнувам, постојано сум во движење. Повеќе не чувам нездрава храна дома, бидејќи се обидувам да им бидам добар пример.“

Мендес и Гослинг се во врска од 2011 година и заедно имаат две ќерки – 2-годишната Есмералда и 11-месечната Амада.

Ева Мендес

Видео од снимањето на фотосесијата

Tags
Ева Мендес

Најнови

  • „Насмевката кажува сè“: 13-годишно девојче со Даунов синдром и алопеција кое не зборува се радува кога ќе добие нова перика

    Wed, 09/09/2026 - 15:20
  • Снеже Велков во блескав фустан со моќна порака: „Рекоа жена си - биди силна. Одлучив силата да ми е во слабоста“

    Wed, 09/09/2026 - 14:35
  • Бомбакис со семејството на крштевката на помалата ќерка: „Сѐ што мислев дека е важно, стана помалку важно откако ги имам нив“

    Wed, 09/09/2026 - 13:29
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.