Еуфорија и насмевки: Децата на Енрике Иглесијас ја славea победата на Шпанија во усогласени дресови
Светското првенство во фудбал донесе вистинска еуфорија ширум светот, а во неа со полно срце уживаше и семејството на Енрике Иглесијас и Ана Курникова.
По големата победа на шпанската репрезентација, поранешната тенисерка сподели ретка и преслатка фотографија од нивните три поголеми деца.
На фотографијата позираат 8-годишните близнаци Луси и Николас, заедно со нивната 6-годишна сестра Мери. Сите три деца се облечени во познатите црвени дресови на шпанската фудбалска репрезентација, поддржувајќи ги корените на нивниот татко.
Двете сестри со широки насмевки гледаат директно во камерата, додека Николас со крената глава страсно вика и ја слави победата.
Енрике и Ана се заедно повеќе од две децении. Својот приватен живот и семејството го чуваат подалеку од очите на јавноста, па секоја нивна семејна фотографија е вистинско изненадување за фановите.
Покрај Луси и Николас (родени во декември 2017 година) и Мери (родена во јануари 2020 година), познатата двојка има и четврто дете. Малиот Ромео се роди во декември минатата година.