• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

EucerinHyaluron-Filler Витамин Ц Бустер – со чист витамин Ц колку што има во 200 портокали

2 октомври 2019, 14:03
  • cподели

Да се задржи тонусот на кожата и таа да остане сјајна и мазна е постојан предизвик со кој се соочува секоја жена по 25-тата година. Одржувањето на кожата млада и негувана е причина и за бројни клинички и медицински истражувања.

Најновите инвитро проучувања кои ги спроведе компанијата Баерсдорф, покажаа дека комбинацијата на витаминот Ц со ликохалкон А има силен антиоксидантен ефект (споредено со користење само на витамин Ц) и ефикасно ги неутрализира слободните радикали од УВ зраците и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина, додека хијалуронската киселина видно го помага пополнувањето на брчките. Токму овие три состојки се и главните активни состојки во новиот производ на Еуцерин - Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер.

„Серумот ги комбинира овие три активни состојки коишто заедно ја зајакнуваат кожата и ги пополнуваат брчките. Пред првото нанесување, потребно е да се активира витамин Ц и да се помеша со лихохалкон А за да се добие антиоксиданс со засилено дејство на кожата, а хијалуронската киселина го помага пополнувањето на брчките одвнатре. Иновативната опаковка ослободува витамин Ц во активна форма во моментот на користење. Кожата изгледа мазна, сјајна и освежена после само 7 дена редовно нанесување, а со понатамошна употреба нејзината состојбата и дополнително се подобрува. Тајната на ефикасноста на новиот производ Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер е во начинот на комбинирање на активните состојки во него. Вијалата содржи 10% чист медицински витамин Ц во прав (или витамин Ц колку што има во 200 портокали) и лесна емулзија од хијалуронска киселина и ликохалкон А“ - изјави пред поголем број на дерматолози и претставници од медиумите Д-р Соња Петрушеска – стручен соработник на Еуцерин за Македонија, на официјалната промоција на овој иновативен производ.

Eucerin Eucerin

Иновативен концепт

Благодарение на иновативниот концепт на пакување, прашокот витамин Ц е одделен од останатите состојки сè до првата апликација, кога се активира со притискање на мекото дно на вијалата.

Со протресување на вијалата се спојуваат активните состојки и формираат серум којшто со својата моќ ја заштитува кожата од оксидативен стрес. Бустерот го користи чистиот витамин Ц во активна форма. Ликохалкон А го подобрува ефектот од дејството на витаминот Ц за заштита на кожата од влијанието на УВБ, УВА зраците и HEVIS светлината, а делува и смирувачки на кожата, што го прави серумот погоден дури и за чувствителна кожа.

Покрај тоа, нискомолекуларната хијалуронска киселина во серумот продира подлабоко во епидермалните слоеви на кожата, каде што се формираат подлабоки брчки и го помага нивното пополнување.

Ефикасно решение за мазна, цврста и еластична кожа!

Овој производ е решение за потребите на кожата кои со текот на времето стануваат сè поголеми, бидејќи основните состојки кои ја прават мазна, цврста и еластична побавно се надополнуваат. На пример, после 30-тата година се намалува количината на создадена хијалуронска киселина и синтезата на колаген, а слободните радикали го забрзуваат стареењето на кожата. Како резултат на тоа почнуваат да се појавуваат фините линии и брчки, а кожата постепено го губи својот младешки изглед.

Eucerin Eucerin Eucerin

Содржи витамин Ц колку 200 портокали

Колагенот е одговорен за тонусот на кожата, а витаминот Ц е клучен фактор во синтезата на колагените влакна. Истовремено тој е и многу моќен антиоксиданс и помага во заштита на кожата од негативното влијание на оксидативниот стрес и слободните радикали. Ова значи дека витаминот Ц е од суштинско значење за одржување на кожата во добра состојба. За жал, нашата кожа не може сама да произведува витамин Ц, па ние треба да ѝ го обезбедиме, а со локално нанесување на витамин Ц на површината на кожата, тој делува директно таму каде што е потребно.

Eucerin Eucerin

Како се користи?

Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер се препорачува да се нанесува секојдневно. Производот содржи активен витамин Ц во концентрација од 10% обезбедувајќи оптимален баланс меѓу подносливост и ефикасност, дури и за чувствителната кожа. Витаминот Ц во прав, се ослободува во формулата со едно притискање на мекото дно на вијалата. Потребно е да се протресе пред употреба, за да се помеша правот со емулзијата и со тоа се активира витаминот Ц кој моментно ја покажува својата моќ. Серумот е со лесна текстура и за најдобри резултати се нанесува секојдневно пред дневниот крем од линијата Hyaluron-Filler или помешан со него. Само после 7 дена кожата изгледа освежена, мазна и посјајна.

Комерцијален текст

Tags
Eucerin
Еуцерин

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.