• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Еуцерин: Високо иновативна колекција „Анти-пигмент” за нега на кожа склона кон хиперпигментација

24 март 2019, 22:45
  • cподели

По 10-годишно истражување, Баерсдорф разви нова активна состојка, Тиамидол, која се бори против хиперпигментацијата во самиот корен. Резултат е иновативната колекција Еуцерин „Анти-пигмент“. Клиничките тестирања ги покажаа првите видливи резултати при намалување на темните дамки по само две недели, кожата изгледа поизедначена и посветла.

Eucerin

Изложеноста на сонце, стареење или хормонални промени се главните фактори за појава на хиперпигментација. Сите типови на кожа можат да бидат подложни на хиперпигментација, состојба при која се појавуваат темни дамки и флеки, првенствено на лицето, дланките и надлактиците, и која може да предизвика значајни непријатности.

„Без разлика кого погодува, главната причина за хиперпигментација е секогаш истата: зголемено лачење на меланин”, објаснува д-р Лугер Колбе, шеф на Катедрата за Фотобиологија во Баерсдорф. „Меланинот служи за природна заштита против УВ сончевите зраци. Но, доколку се произведе премногу меланин и тој е нееднакво распределен, се развиваат видливи пигментирани дамки: кои ги нарекуваме хиперпигментација”, дополнува тој.

Нова состојка која делува во коренот на појавата на хиперпигментација

Eucerin

Активната состојка на новата „Анти-пигмент“ колекција на Еуцерин, Тиамидол, го решава проблемот во корен со тоа што го редуцира лачењето на меланин на кожата. Од 50.000 тестирани супстанци во лабораториите на Баерсдорф во текот на изминатите 10 години истражување и развој, Тиамидол се покажа како најефективна и најсилна состојка. За време на 3-месечното клиничко тестирање, испитаниците со хиперпигментација ги видоа првите резултати по само две недели нанесување, со континуирано подобрување на состојбата видливо во текот на наредните 12 недели.

Eucerin

Со цел да се постигнат најдобрите можни резултати, Еуцерин „Анти-пигмент“ треба да се употребува редовно. Сите производи се докажано ефективни и во исто време лесни за користење. Со секојдневна употреба, ефектите континуирано се подобруваат. Производите кои содржат Тиамидол можат да бидат употребувани максимум 4 пати на ден.

Комерцијален текст

Tags
Eucerin
Еуцерин

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.