• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Eucerin совети за заштита од сонце

29 април 2013, 14:40
  • cподели

Кога одиме на работа, спортуваме или седиме во кафуле на отворено, изложени сме на УВ зрачење, кое може да ја оштети чувствителната кожа на лицето. Eуцерин® ве советува како најдобро да ја заштитите вашата кожа во текот на целиот ден.

Иако е прекрасно да се почувствуваат топлите сончеви зраци на нашето лице, исто така е важно и да не се потцени нивната јачина. Многу луѓе се во заблуда дека е доволно само да се нанесе заштитниот фактор пред сончање или спортување на отворено, и да се биде сигурен подолго време на сонце. Сепак, дури и кога е облачно УВ зрачењето продира длабоко во кожата оштетувајќи го колагенот и еластинот во подлабоките слоеви на дермисот предизвикувајќи хиперпигментација, брчки и груба кожа. Особено е важно да се заштити кожата на лицето од штетните ефекти на УВ зрачењето секој ден, бидејќи тоа е една од областите која е најмногу изложена на сонце. Редовна примена на производ за сончање е најефикасен начин да се спречи предвременото стареење на кожата.

Жена со убава кожа

Eucerin® совети за заштита од сонце кои гарантираат оптимална секојдневна заштита за чувствителната кожа на лицето:

    Eucerin крем за сонце
  • Широка примена на производ за сончање
    Секогаш нанесете поголема количина од производот за сончање. Препорачливо е да употребите цела полна лажичка од кремата кога ја нанесувате на лицето.
  • Висока SPF заштита за чувствителната кожа на лицето
    Ако имате чувствителна кожа, посветол тен на истата, или неодамна сте поминале низ хемиски пилинг или ласерски третман, секогаш користете многу висок СПФ производ (SPF 50+) на лицето, бидејќи кожата на вашето лице е многу чувствителна на УВ зрачење. Ако имате нормална кожа и потемен тен, висок заштитен фактор (SPF 30-50) за вашето лице е доволен, освен ако не сте се изложиле на естетска терапија на лицето или на хиперпигментација.
  • Производи за лице со специјална заштита од сонце
    Денес се достапни, креми за дневна нега со низок до среден фактор за заштита од сонце. Сепак, важно е да се запомни дека ако сте изложени директно на сонце, оваа заштита не е доволна, особено ако имате чувствителна кожа. Затоа е подобро да се примени висок до многу висок СПФ заштитен фактор пред да го нанесете вашиот производ за редовна дневна нега или пудрата. За да имате совршена кожа, практикувајте дневна рутина. По чистење на лицето нанесете крема против стареење на кожата, потоа заштитниот фактор и најпосле може да ја нанесете шминката.
  • Eucerin крем за сонце
  • Заштита од сонце со лесна текстура специјално формулирана за лицето
    Како што нашето лице го претставува нашиот имиџ во светот, а кожата на лицето најчесто бара поголема нега отколку кожата на нашето тело, кожата на лицето има потреба од производи за заштита од сонце со супериорна ефикасност. Исто така, особено жените имаат потреба од специфични производи кои одат добро во комбинација со нивниот дневен крем и шминка. Затоа, посебно, подобрените производи за лице за заштита од сонце во новата линија за сонце на Eucerin® не оставаат мрсни траги на кожата и добро се комбинираат со други производи за нега на кожата и шминка. Лесни се за нанесување и брзо се апсорбираат и се достапни во различни формули за различни типови на кожа. Течноста за заштита од сонцето е погодна за комбинирана до мрсна кожа, додека кремот за сонце е совршен за нормална до сува кожа.
  • Eucerin крем за сонце
  • Некои специфични делови кои имаат потреба од дополнителна заштита
    Ако ви се допаѓа да носите отворени кошули или имате многу кратка коса, задолжително нанесете заштитен фактор на вашето деколте до врвот на брадата. Експерти велат дека возраста на една жена се одредува кога ќе се погледне нејзиниот врат и деколте! Исто така, не заборавајте да применувате висок SPF фактор на усните и рацете. Ако планирате да бидете изложени на сонце подолго време, треба да знаете дека усните не можат да произведуваат пигменти и се особено подложни на штетните УВ зраци, а истото се однесува и на рацете. Ушите брзо горат и треба да бидат заштитени со висок фактор. Дерматолозите редовно нè потсетуваат да не забораваме на нашите уши кога го нанесуваме заштитниот фактор, затоа што тоа е дел од нашето тело коj има тенденција да доживее најголемo штетно УВ зрачење.
  • Заштитете се од сонце и во сенка и дури и кога е облачно
    Дури и кога сте во сенка треба да нанесете заштитен фактор. Штетните УВ зраци се рефлектираат врз нас од околината, па сенката не обезбедува доволна заштита од сонцето. Истото важи и кога е облачно: Во зависност од дебелината на облакот, до 90% од УВ зрачењето уште поминува низ него. Затоа, не заборавајте да нанесете заштитен фактор. Исто така, вие сè уште ќе добиете тен кога ќе примените висок СПФ фактор, но ќе добиете здрав тен. Мит е да се каже дека ако се применува висока заштита од сонце, дека нема да добиете темен тен, како што не постои филтер за сонцето кој филтрира 100% од УВ зрачењето.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.