• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Eucerin In-Shower Body Lotion за чувствителна кожа

18 март 2014, 20:05
  • cподели

Новиот Eucerin® In-Shower Body Lotion со 5% декспантенол се користи уште додека сте под туш веднаш откако ќе се избањате и исплакнете. Придобивка: не ви се потребни повеќе навлажнувачи за кожата после капењето. Едноставно исушете се и веднаш облечете се!

Постојат многу причини зошто луѓето не сакаат да користат лосион за тело. 49% велат дека немаат доволно време, додека на 28% не им се допаѓа чувството на лепливост кое го остава на нивната кожа лосионот за тело. Особено мажите не го сакаат непријатното чувство кога лосион се задржува на влакната на нивното тело. Сепак, повеќето луѓе со нормална до чувствителна кожа, се чини дека не се доволно свесни за тоа колку е важна хидратацијата во зајакнувањето на одбранбениот механизам на кожата. 39% луѓе само повремено користат лосион за тело.

„Кожата нè штити од влијанијата на животната средина и не му дозволува на телото да ја губи влагата“, вели Анет Бургер која работи во Баерсдорф АГ во одделот на Eucerin за развој на производите. „Да се ​​задржи кожата силна, важно е редовно да ѝ се овозможува доволно влага, а чувствителната кожа бара посебна грижа", истакнува таа.

Eucerin In-Shower лосион за тело

Eucerin® In-Shower Body Lotion нова рутина во грижата за кожата

Новиот производ е достапен во аптеките и им овозможува на корисниците да ја зајакнат својата кожа и да се грижат за неа на едноставен начин. Иновативниот Eucerin ® pH5 In-Shower Body Lotion од линијата на Eucerin® pH5 skin care се нанесува на влажна кожа, по предходно измивање со гел за туширање, иновативната формула овозможува кожата многу брзо да го апсорбирасо што се обезбедува практична заштеда на време, а кожата е хидрирана. Станува збор за мешавина на липиди кои фино се распоредуваат во водата преку процес на дисперзија.

Анет Бургер објаснува: „Оваа иновативна хидро-дисперзивна технологија беше развиена во нашите лаборатории и гарантира дека производот останува на влажната кожа и може да се апсорбира брзо, иако таа на крајот ќе ја исплакнете. Формулата не содржи емулгатор, но сепак успева да формира стабилна комбинација на масло и вода. Заедно со вистинската комбинација на состојки оваа нова формула гарантира дека содржината која ќе остане на кожата е доволно ефикасна за да ја навлажни и да се зајакне кожната бариера по секоја редовна употреба“.

Eucerin In-Shower лосион за телоEucerin In-Shower Body Lotion

Благата формула од првиот In-Shower Body Lotion достапен во аптеките е особено добро прилагоден за чувствителна кожа. „Eucerin ® In-Shower Body Lotion содржи 5 % декспантенол, кој ја смирува кожата и ефикасно ја навлажнува“, вели Анет Бургер. „На овој начин се зголемува природната заштитна функција на кожата“. Резултатот е мазна и заштитена кожа.

Eucerin ® In-Shower Body Lotion треба да се применува во следниве чекори:

  1. Прво, исчистете ја кожата со вашиот вообичаен производ за туширање, на пример, со pH5 Wash Lotion или со Eucerin®pH5 Shower Oil за сува кожа и исплакнете темелно.
  2. Накратко исклучете ја водата и хидратирајте го телото соIn-Shower Body Lotion. Благодарение на иновативната формула, кожата може да го апсорбира многу брзо.
  3. Накратко исплакнете, исушете се и облечете се, како и обично – за мазна и заштитена кожа без лепливо чувство.
Eucerin In-Shower лосион за тело

Eucerin ® In-Shower Body Lotion не содржи емулзивни додатоци. Неговата ефикасност и подносливоста на кожата е докажана во клиничките и дерматолошките студии. „Не само што бевме во можност да покажеме дека сосема доволно од производот останува на кожата, но исто така можевме да се убедиме во ефикасноста на производот како што е измазнета кожа, навлажнета и зајакната кожна бариера", објасни Анет Бургер. „Покрај тоа, ние спроведовме две клинички студии, кои покажаа многу добра ефикасност и подносливост дури и кај пациентите со осетлива кожа или со кожни болести", додаде таа.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.