• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Еucerin Elasticity+Filler за кадифено мека кожа и по педесеттата година од животот

28 октомври 2016, 10:39
  • cподели

Како што нашата кожа старее, структурата се менува. Еластичноста, цврстината и сјајот се намалуваат, а брчките стануваат сѐ повидливи и подлабоки. Губење на еластичноста, во комбинација со појавата на длабоки брчки, е примарна грижа во процесот на стареење на многу жени со зрела кожа.

Еucerin Elasticity+Filler е нов производ од лабораториите на Баерсдорф кој ја зајакнува структурата на кожата, преку подобрување на еластичноста и пополнување на длабоките брчки.

Еucerin

Колекцијата која се состои од крем за дневна нега, крем за ноќна нега и масло за нега, содржи единствена и иновативна формула која обезбедува повеќекратни придобивки против стареењето на кожата.

Активни состојки во Еucerin Elasticity + Filler се арктиин, екстрахиран од растението пиреј кој докажано го забрзува обновувањето на колаген во клетките на кожата, во комбинација со силимарин - моќен антиоксиданс кој ги заштитува колагенот и еластинот од слободните радикали и ја подобрува циркулацијата на кожата на клеточно ниво. Формулата е збогатена со арганово масло за потрахнувачки ефект и хијалуронска киселина - супстанца која се наоѓа во сврзното ткиво на нашата кожа, и истата ја прави цврста и еластична, пополнувајќи ги длабоките брчки. Благодарение на оваа формула богата со витамин Е кој го намалува оксидативниот стрес, кожата се чувствува заштитена и мазна, а изгледа свежо и сјајно.

Еucerin

Еucerin Elasticity + Filler Кремот за дневна нега исто така, содржи SPF15 со УВ филтер за дополнителна заштита од сончевите зраци, кои ги продлабочат брчките и го забрзуваат процесот на стареење на кожата.

Клиничките и дерматолошки студии покажаа дека производот има исклучителна ефикасност и придобивки врз кожата. Health Products Regulatory Authority (HPRA) спроведе студија со 120 жени на возраст од 49 и повеќе години. По двонеделно тестирање на производот тие ги објавија следниве резултати:

  • 99%: подобрен е изгледот на мојата кожа;
  • 98%: ја чувствувам кожата значително поцврста;
  • 98%: интензивно ја навлажнува кожата;
  • 97%: ја чувствувам кожата мазна и еластична;
  • 93%: брчките се помалку забележителни.

Каков е ефектот на ХК (хијалуронската киселина)?

ХК е способна да врзе голема количина на вода (повеќе од 30-пати од сопствениот волумен). Во средина со вода таа формира вискозен гел и така го пополнува клеточниот простор, со што го помага и пополнувањето на брчките од внатре кон надвор.

ХК делува и во рожнатиот слој и во епидермисот, зависно од молекуларната тежина (висока или ниска молекуларна тежина).

Комерцијален текст

Tags
Eucerin

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.