• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Eucerin ELASTICITY+FILLER – најнов научен новитет за нега на кожата

23 ноември 2016, 13:41
  • cподели

Еуцерин ја дополни колекцијата за нега на возрасна кожа со производите Eucerin ELASTICITY+FILLER.

„Одделот за истражување и развој на Еуцерин постојано работи на унапредување на технологијата за борба против стареење на кожата и своите иновации овој пат ги имплементира во новата линија за нега на возрасна кожа Elasticity+Filler, којасе состои од дневна, ноќна крема и масло за нега на кожа на лице, врат и деколте, наменети за нега на возрасна кожа после 50тата година”, изјави пред претставниците од медиумите д-р Соња Петрушеска, стручен медицински соработник на Баерсдорф за Македонија.

Еуцерин

„После 50-тата година, освен постепеното истенчување на кожата заради намалената количина на еластин, колаген, масно ткиво и др. градбени состојки, доаѓа и до видно намалување на активноста на лојните жлезди, намалување на имунитетот и отпорноста кон УВ-те зраци, нарушување на микроциркулацијата на кожата. Резултат на тоа е посува и помалку еластична кожа на која брчките се сѐ подлабоки и која постепено го губи и природниот здрав сјај. Кај дел од луѓето како последица на претходно наведените промени на кожата, се јавува и видливо црвенило во предел на лицето. Потребите од негата на оваа кожа секако се големи. Производите од новата линија на Еуцерин – Elasticity+Fillerсе адаптирани за соодветна нега за кожа на оваа возраст. Со оваа нега ќе делуваме на враќањето на сјајот и убавиот тен на кожата, на еластичноста и тонусот на кожата и намалувањето на брчките”, додаде д-р Петрушеска.

Еуцерин Еуцерин

Станува збор за производи кои имаат уникатна комбинација на активни состојки. Хијалуронската киселина видно и брзо ги пополнува брчките, арктиинот делува стимулативно на синтезата на колаген во кожата со што го враќа тонусот на кожата, а силимаринот ја подобрува микроциркулацијата и води кон подобра еластичност и сјај на кожата, а се намалува и црвенилото на лицето кое е резултат на зголемената чувствителност на кожата кон УВ-те зраци заради истенченост на кожата.

Освен овие 3 активни состојки, во производите од линијата Elasticity+Filler има и арганово масло кое ја потхранува кожата во текот на ноќта. Тоа заедно со витаминот Е делува антиоксидантно, борејќи се ефикасно со слободните радикалите кои ја оштетуваат кожата. Elasticity+Filler кремот за дневна нега исто така, содржи и SPF15 со УВ филтер за дополнителна заштита од сончевите зраци, кои ги продлабочуваат брчките и го забрзуваат процесот на стареење на кожата.

Еуцерин

Бројните клинички студии ја докажуваат ефикасноста на Elasticity+Filler производите во борбата против знаците на стареење и целосно ги задоволуваат потребите за нега на возрасната кожа. Затоа, искористете ги последните новитети од науката и уживајте во својата кожа.

Комерцијален текст

Tags
Еуцерин
Eucerin

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.