• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Eucerin AtopiControl – колекција за нега на сува и раздразнета кожа

12 јануари 2016, 15:00
  • cподели

Комерцијален текст

Сувата кожа е проблем што го имаат многумина, а кај дел од луѓето се појавува и атопичен дерматитис кој се манифестира како црвенило и воспаление на кожата. Се проценува дека околу 15 до 20 проценти од населението е склоно кон развивање на ваквата состојба на кожата. Тоа е последица како на надворешни (егзогени), така и на внатрешни (ендогени) фактори. Уште полошо е што ваквата појава делува негативно на психата, а луѓето со атопичен дерматитис се чувствуваат непривлечни и се затвораат во себе.

Eucerin AtopiControl

Сувата и раздразнета кожа налага специфична нега и хигиена, децидни се стручњаците. При секојдневното чистење и нега на ваквата кожа, според дерматолзоите, од особена важност е постигнувањето на нејзина оптимална рехидратација и поттикнувањето на регенеративниот процес на нарушената липидна кожна бариера. Токму затоа, сувата и воспалена кожа треба да се измиваат само кога е потребно, а на лицата со ваква кожа им се препорачува да внимаваат при туширањето и да внимаваат во употребата на најразлични козметички производи кои уште повеќе ја влошуваат состојбата со кожата.

Eucerin AtopiControl колекцијата се состои од внимателно одбрани козметички производи кои се грижат за сувата и чувствителна кожа, како и за атопичната кожа во текот на неактивните фази и кога се појавуваат црвенила. За секој од овие производи е клинички и дерматолошки докажано дека помага при намалување на сувоста на кожата и развојот на воспалението, истовремено ублажувајќи го чешањето.

Eucerin AtopiControl

Основните лосиони и креми за тело содржат комбинација од омега-6 масни киселини и ликофалкон А, антибактериски деканедиол и Menthoxypropanediol, кои помагаат за пополнување на кожата, ја обновуваат нејзината природна бариера, правејќи ја повеќе еластична. Истовремено, Eucerin AtopiControl интензивно ја хидрира кожата, помага да се намали грубоста, оптегнатоста на кожата и чешањето, симптоми поврзани со атопичната кожа.

Производите за активна нега ја вклучуваат и Eucerin AtopiControl кремата за акутна нега. Нејзините состојки значително помагаат да се подобри изгледот на кожата за време на фазите на воспаленија и да се намали времетраењето на терапијата со хидрокортизонот за време на воспаленија. Eucerin AtopiControl кремот за акутна нега не е фармацевтски производ и не е замислен за да замени некој друг производ. Oвие производи се компатибилни со атопичната кожа.

Производите Eucerin AtopiControl не содржат бои и парфеми, кои дополнително ја дразнат кожата.

Tags
Еуцерин
Eucerin

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.