• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

EUCERIN 30% UREA Repair PLUS – за моментно и долготрајно подобрување на симптомите на сува кожа

4 април 2019, 14:04
  • cподели

Сувата кожа е сè почест проблем! Суви, задебелени, груби и перутави делови се само дел од надворешните појави и први симптоми дека имаме проблем со сувост на кожата. Стресот, внатрешните фактори дополнително доведуваат до намалена количина на вода и маснотии на површината на кожата, и до нарушување на нејзините функции. Во сувата кожа полесно навлегуваат алергени и микроорганизми кои дополнително ја влошуваат состојбата и водат до поголема сувост и затегнатост, перутање, чешање, па дури и појава на црвенило, односно воспаление на одредени места. Сите овие промени, создаваат постојан или периодичен јадеж, кој видно вознемирува!

Eucerin

Како одговор на овие проблеми медицинската козметика Еуцерин го креираше EUCERIN 30% UREA Repair PLUS, производ кој моментално и долготрајно помага да се надминат проблемите со сувата кожа. Обезбедува ефикасна ексфолијација со 30% уреа, ја хидрира кожата со природни хидратирачки фактори и ја обновува кожната бариера со помош на серамидите. Eucerin so 30% уреа е наменет само за делови од телото со сува, груба и задебелена кожа, каде сакаме да постигнеме отстранување на наслагите на кожата (како на пример задебелена и груба кожа на стапалата, псоријатични плаки и слично). Останатата кожа треба да се негува зависно од потребите со производите со 5 или 10% концентрација на уреа, бидејќи 30% уреа не е за нега на целото тело.

Студијата која ја реализираа медицинските истражувачи во Баерсдорф, потврди дека кај дури 95% од испитаниците има одлична подносливост од кожата, а кај речиси сите испитаници има видно подобрување со состојбата на кожата, како и на псоријатичните плаки.

Уреата се смета за еден од најважните и најмоќни природни хидратантни фактори (ПХФ) на кожата. Нејзиниот ефект во производите е засилен со додавање и на други ПХФ-и, па така имаме уште поголема задршка на вода во кожата. Заради намалената функција на лојните жлезди во производите има ставено и церамиди. Церамидите се природна состојка на кожата, која видно ја подобрува бариерната функција на кожата. Содржи и глуко-глицерол, супстанција која ја активира аквапоринската мрежа и овозможува оптимална хидратација на кожата во длабочина.

Резултати од студијата по само една седмица од користење на овој производ:

  • 90% Видно се намалува грубоста на кожата со текот на времето
  • 93% Сувите и распукани делови на кожата се видно помазни
  • 97% Ја обновува и ја заштитува кожата
  • 90% Прави да се чувствувам подобро заради надворешниот изглед на моите стапала
  • 97% Допринесува да се чувствувам добро

Во Македонија има и Еуцерин лосиони со 5% и 10% Уреа за нега на сува кожа .Производите со уреа имаат и други активности кои ги прават многу погодни во третманот на дерматолошките заболувања. Истите може да бидат искористени и како подлога на која, зависно од клиничката состојба и потребите на кожата, докторите можат да додадат и соодветни лекови, бидејќи уреата ја подобрува пенетрацијата и/или активноста на други лекови за локален третман на кожата, како што се топичните кортикостероиди, антралинот, третионинот, салицилната киселина и др. Зависно од концентрацијата, уреата ги отстранува и изумрените површински клетки и го смирува интензивниот јадеж. Сите овие бенефити можеме да ги искористиме за нега на сува и многу сува кожа, возрасна сува кожа, невродерматитис, дијабетес, псоријаза и сл. и да уживаме во својата кожа.

Eucerin

Еуцерин производи за нега на сува кожа:

  • 5% Urea дневен и ноќен крем за нега на сува кожа на лицето,
  • 5% UreaRepair PLUS крем за нега на сува, груба и распукана кожа на рацете,
  • 10% UreaRepair PLUS крем за нега на суви и груби стапала,
  • гел за миење и шампон со 5% уреа и два лосиони за тело,
  • 5% UreaRepair PLUS хидратантен лосион и 10% UreaRepair PLUS регенеративен лосион за нега на сува кожа пратена со јадеж и
  • Eucerin® 5% UreaRepair PLUS Крем за тело.

Комерцијален текст

Tags
Eucerin
Еуцерин

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.