Ештон Кучер и Рис Витерспун во трејлерот за новата романтична комедија „Your Place Or Mine“
Кратко време пред Денот на вљубените пристигнува новата романтична комедија „Your Place Or Mine“.
Главните улоги им припаѓаат на Ештон Кучер (Питер) и Рис Витерспун (Деби) – блиски пријатели кои одлучуваат накратко да си ги заменат своите дијаметрално различни животи.
Деби е посветена самохрана мајка која живее во Лос Анџелес, додека Питер трага по промена од неговиот ергенски живот во Њујорк. Тој ветува дека ќе се грижи за синот на Деби и за нејзиниот дом, додека таа ужива во неговиот стан и авантурите кои ќе ѝ ги понуди Њујорк.
Сето тоа им помага да сфатат што всушност сакаат во животот.
Погледнете го трејлерот:
„Your Place Or Mine“ ќе биде достапен на Netflix од 10 февруари.
