„Eрупција од емоции“: Јаков Јозиновиќ запеа со Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ, публиката одушевена
Јаков Јозиновиќ со бомбастична турнеја ги освојува земјите на поранешна Југославија. Хрватската ѕвезда го одржа најновиот од десетте распродадени концерти во „Сава Центар“ во Белград, а присутните си заминаа со незаборавни спомени и силни емоции.
Специјални гости на вечерта беа Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ со кои 20-годишниот Хрват ја отпеа „Stranac u noći“ пред разнежнетата публика.
„Колку радост носи тој со себе... на концертот имаше вистинска ерупција од емоции! Летај за чуда, пеј, весели ги и децата и возрасните... чувај се🙏 Иднината е пред тебе❤️“ – му порача Јелена, која сподели слатки моменти од заедничкиот настап.
„Секоја вечер имам една цел, а тоа е да си одите дома најсреќни и со исполнета душа и срце и да посакате да се вратите“ – изјави Јаков пред концертот.