• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ерос Рамацоти доаѓа во Македонија! Италијанскиот пејач со свој концерт во Скопје

10 септември 2018, 19:40
  • cподели

Ерос Рамацоти доаѓа во Македонија! Благодарение на Авалон Продукција, 54-годишниот италијански пејач ќе одржи свој концерт во Скопје на 30 септември следната година.

Музичкото шоу ќе биде во рамките на неговата светска турнеја, на која тој ќе го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n`e’“.

Концертот ќе се одржи во ВИП Арена, а утре ќе бидат објавени деталите околку влезниците.

Ерос Рамацоти

EROS RAMAZZOTTI ДОАЃА ВО СКОПЈЕ!!!

Драги пријатели,
Неверојатно задоволство ни е со Вас да ја споделиме следнава вест.

После концертот на Sting, на Скопје ќе му се случи уште еден неверојатно голем музички настан.

Во рамките на својата светска турнеја, која почнува на 17 февруари 2019 година, каде го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n`e’“ (којшто излегува на 23 ноември), а која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, ЕROS RAMAZZOTTI ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.

Нема потреба да се наведуваат епитети околу неговото име и кариера, доволно е само официјално да се објави дека ЕROS ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА!

Tој доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија (звук, светло и видео) и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто EROS доживување, покажано и докажано низ годиниве од негова страна како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на ова исто место, утревечер во 21 часот.
Концертот на Еros Ramazzotti во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Sting, ако се земе во предвид капацитетот на салата.

Авалон Продукција освен во Скопје, го работи и концертот на Еros Ramazzotti во софиската арена „Армеец“ која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 03-ти октомври.

ВАЖНО: Влезниците за концертот на Еros Ramazzotti, ќе бидат пуштени во продажба онлајн исклучиво преку новиот тикет систем на Авалон Продукција, кој го има на avalon.mk, а исто така ќе има и продажна мрежа која ќе биде објавена утревечер со останатите информации.

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

Tags
Ерос Рамацоти

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.