• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ерлинг Халанд со девојката Изабела на ревија на Долче и Габана пред одморот на луксузна јахта

17 јули 2026, 12:05
  • cподели

Ерлинг Халанд накратко ги замени копачките со елегантна облека и се појави на престижната ревија на Долче и Габана, а потоа уживаше во одмор на луксузна јахта покрај брегот на Сицилија.

На модното шоу, на кое беше претставена колекцијата Alta Sartoria во античкиот театар во Таормина, норвешкиот фудбалер пристигна со својата долгогодишна девојка Изабела Јохансен, со која има син.

Халанд избра впечатлив бел свилен костум и темни очила за сонце, додека Изабела блесна во раскошен фустан украсен со кристали и светки. Парот ги усогласи своите модни комбинации и беше меѓу најфотографираните гости на вечерта.

По елиминацијата на Норвешка, Халанд ја искористи летната пауза за краток одмор. Тој беше фотографиран како ужива на луксузна јахта, а не ја пропушти ни можноста за возење џет-ски.

Халанд веќе неколку години е амбасадор на Долче и Габана и често се појавува во креации на италијанската модна куќа. Познат е и по својата љубов кон луксузните модни додатоци и богатата колекција чанти, а големо внимание привлече и по враќањето од СП, кога на аеродромот се појави со впечатлива голема чанта токму од Долче и Габана.

Халанд и Изабела се познаваат уште од детството, кога заедно тренирале во истата фудбалска академија во нивниот роден град Брине. Пријателството со текот на годините прерасна во љубов, а денес важат за еден од најстабилните спортски парови. 

Во декември 2024 година станаа родители на своето прво дете.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Erling Braut Haaland (@erling)

Tags
Ерлинг Халанд
Изабела Јохансен

Најнови

  • Balea

    Летна нега со мирис на рози - откријте ги Limited Edition производите Blooming Dreams од Balea во dm

    Fri, 07/17/2026 - 22:52
  • dm

    Дури 62% од жените ги чувствуваат овие симптоми – dm ја отвора темата за менопаузата

    Fri, 07/17/2026 - 12:56
  • „Слава ти Господе“: „Осаменото“ момче со ангелски глас од Прилеп освои прво место на натпревар во Бугарија

    Fri, 07/17/2026 - 12:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.