• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Ендрју, братот на кралот Чарлс, уапсен во врска со случајот Епстин

19 февруари 2026, 13:44
  • cподели
Принцот Ендрју

Ендрју Маунтбатен-Виндзор е уапсен. Тој е првиот висок член на кралското семејство кој бил уапсен во модерната историја.

Принцот Ендрју

Поранешниот принц бил приведен на денот на неговиот 66. роденден поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Властите го истражуваат Ендрју откако нови документи укажуваат дека споделувал доверливи информации со покојниот педофил Џефри Епстин.

Принцот Ендрју

Озлогласениот член на кралското семејство, кој служеше како специјален претставник на Обединетото Кралство за меѓународна трговија и инвестиции помеѓу 2001 и 2011 година, наводно му испраќал на Епстин извештаи за патувањата во Виетнам и Сингапур во 2010 година и му откривал државни тајни.

Ендрју, чија врска со Епстин е предмет на долготрајна истрага, негираше каква било вина.

Минатата година, нему му беа одземени титулите и почестите откако се појавија наводи дека бил еден од клиентите на Епстин. Неодамна, тој беше прогонет од неговиот кралски дом од страна на неговиот брат Чарлс.

Принцот Ендрју и принцот Чарлс

Ендрју првично беше под истрага поради долгогодишните тврдења на Вирџинија Џуфри дека била принудена да има сексуални односи со него, почнувајќи од времето кога имала 17 години. Иако тврдеше дека е невин, тој спогодбено ѝ исплати милиони фунти.

Вирџинија Џуфри
Вирџинија Џуфри

Вирџинија се самоуби во април 2025 година, а постхумно беше објавен нејзиниот мемоар „Nobody’s Girl“ во кој опишува за сексуалното злоупотребување во текот на нејзиниот живот.

Во најновите објавени документи од случајот Епстин, Ендрју е фотографиран како клечи над една жена. Не е јасно кога се направени фотографиите, но има и докази дека Епстин со авион носел девојки во Велика Британија за да имаат сексуални односи со постариот син на кралицата Елизабета II.

Принцот Ендрју
Tags
принцот Ендрју
Џефри Епстин

Најнови

  • Викторија Лоба

    Викторија Лоба го испроба виралниот тренд со масло за елегантни велигденски јајца

    Thu, 04/09/2026 - 19:20
  • dm рутини за нега на лице

    dm и козметологот Лепосава Анѓеловски откриваат рутини за нега на комбинирана, масна и сува кожа со Balea и alverde производи

    Thu, 04/09/2026 - 14:05
  • 14-годишната ќерка на Мики и Светлана Црнокрак со две други Македонки меѓу најубавите тинејџерки на Мис на Галаксијата

    Thu, 04/09/2026 - 14:02
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.