• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Емотивно посвојување: Биолошката мајка ѝ ги брише солзите на жената која го посвојува нејзиниот син

7 мај 2018, 10:52
  • cподели

„Вака изгледа посвојувањето. Две жени се здружуваат за да ги задоволат потребите на детето“ – ова се зборовите на фотографката Сара Лиз, која го трогна светот со фотографија од емотивно посвојување. На неа, биолошката мајка ѝ ги брише солзите на жената која го посвојува нејзиното мало бебенце.

Посвојување

Имено, Лорен Колер и нејзиниот сопруг Мел отсекогаш сакале да имаат свое дете, но не можеле да си го остварат сонот. По неколку години поминати во неуспешни обиди за зачнување, брачните партнери одлучиле да посвојат бебе.

Тие аплицирале во агенција за посвојување во 2015 година, но морале да чекаат уште две долги години додека да ја добијат веста дека ќе станат родители.

„На 20 март 2015, на нашата петта годишнина, официјално започна нашето патување... Чекавме две долги, емотивни години. Беше многу тешко и дури и започнавме да се прашуваме дали има светлина на крајот на тунелот, но останавме цврсти во нашата верба дека Бог ќе се погрижи за нас“ – напиша Лорен на „Love What Matters“.

Во април 2017 година, таа добила повик од агенцијата со кој ја известиле дека трудница по име Фелиција сака да им го даде своето бебе по породувањето. Четири месеци подоцна, долгогодишниот сон на Лорен и Мел се остварил.

Посвојување Посвојување Посвојување Посвојување

За своето искуство, пресреќната мајка напиша:

На 18 август 2017 година, прекрасно момче дојде на свет и во нашите животи. Бевме привилегирани да го запознаеме и да го подржиме ноќта кога се роди. Чекањето беше долго, но љубовта беше инстантна. Не можам да опишам со зборови колку бевме радосни и исполнети во срцата. Сепак, моравме да чекаме уште 30 дена за да го донесеме дома. Тоа чекање беше најтешкото.

Но, издржавме и на еден топол, светол септемврски ден, станавме тричлено семејство. Нашата церемонија за предавање на бебето неспорно беше многу емотивна. Тој ден, ние леевме солзи-радосници, а биолошкото семејство помешани солзи, додека скапоценото бебе беше примено во грижливите раце и срцата на своето ново трајно семејство.

Отворени сме за посвојувањето. Останавме во контакт со неговата биолошка мајка. Неодамна се сретнавме со неа и со нејзиното семејство и ќе се сретнеме уште неколкупати оваа година. Сакаме нашиот син да порасне знаејќи ја неа, неговата приказна и дека е сакан од многумина.

Љубов, а не ДНК, го создава семејството!

Посвојување Посвојување

Фотографката Сара подоцна изјавила дека никогаш нема да ја заборави средбата меѓу двете мајки.

„Ова беше особено емотивно, бидејќи Лорен и Фелиција очигледно имаа силна врска. Јасно беше дека и двете премногу се грижеа за ова бебенце и му го посакуваа само најдоброто. Најсилниот момент беше кога Лорен го хранеше бебенцето за првпат и започна да плаче. Не можеше да престане да го храни за да земе марамче, па Фелиција го направи тоа наместо неа. Ѝ ги избриша солзите на Лорен за таа да може да продолжи да го храни бебенцето“ – рекла таа.

„Ова е совршен пример како треба да изгледа посвојувањето. Две семејства се здружуваат за да се осигурат дека потребите на бебето се задоволени. Нивните улоги се различни, но се еднакво важни“ – додала Сара.

Посвојување
Tags
посвојување

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.