• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Емотивно писмо од горд татко за ќерката со Даунов синдром за нејзината свадба

3 септември 2015, 11:45
  • cподели

Нема ништо попрекрасно и посилно од љубовта на еден родител кон неговото дете. Грижлив татко на ќерка со Даунов синдром одлучил за денот на нејзината свадба да ја преточи својата гордост, љубов и поддршка во емотивно писмо што ќе ви ги насолзи очите.

Џилијан со татко сиЏилијан со татко си

Додека 25-годишната Џилијан се подготвувала за најсреќниот ден во нејзиниот живот, колумнистот Пол Доерти ѝ пишувал писмо кое засекогаш ќе биде нејзин драг спомен. Текстот, во кој Пол отворено зборува за своите минати стравови за иднината на ќерка си, но и за тоа како таа полека ги избришала сите негови грижи, беше објавен на сајтот The Mighty.

Џилијан и нејзиниот сакан Рајан, кои биле во врска 10 години, стапија во брак на 27 јуни.

До мојата ќерка со Даунов синдром на нејзиниот свадбен ден

Драга Џилијан,

Попладне е на твојот свадбен ден. 27 јуни 2015. За два часа, ќе тргнеш на прошетката на твојот живот, прошетка која е уште понезаборавна заради сè што постигна за да стигнеш до овој ден. Не знам колкава е веројатноста жена родена со Даунов синдром да се омажи за љубовта на нејзиниот живот. Но знам само едно, ти ја победи.

Во моментов ти си на горниот кат и ги правиш последните подготовки со мајка ти и деверушите. Косата ти е совршено собрана над нежниот врат. Твојот светкав фустан го привлекува секој зрак од доцното попладневно сонце кој пробива низ прозорецот. Твојата шминка – тој црвен кармин! – на некој начин успева да ја зголеми убавината која растеше уште од денот кога ти се роди. Твојата насмевка блеска и е бескрајна.

Џилијан и татко ѝ Пол

Стојам надвор, под прозорецот, зјапам нагоре. Живееме за моменти како овој, кога надежите и соништата ни се пресретнуваат во слатка точка во времето. Кога сè што некогаш сме си замислувале ќе пристигне и ќе добие совршена јаснотија. Блаженството е возможно. Сега го знам тоа, стоејќи под тој прозорец.

Имам да ти кажам сè и ништо. Кога се роди и во годините кои следуваа, воопшто не се грижев за твоите академски постигнувања... Можевме да ги натераме наставниците да те учат и бевме сигурни дека ќе ја придобиеш почитта на твоите врсници.

Но, не можевме да ги натераме другите деца да те сакаат. Да те прифатат, да се спријателат со тебе, да стојат покрај тебе во виталната друштвена арена. Си помислувавме: „Каков е тој детски живот што не е исполнет со преспивања кај пријатели, роденденски забави и партнери за матурската вечер?“

Тогаш бев загрижен за тебе. Плачев длабоко во себе ноќта кога имаше 12 години и слезе долу, велејќи „Јас немам пријатели“.

Џилијан и татко ѝ Пол

Сите ги посакуваме истите нешта за нашите деца. Здравјето, среќата и способноста да се вклучуваш и уживаш во светот не се резервирани само за типичните деца. Потрагата по нив е природно право на секое дете. Јас се грижев за твојата потрага, Џилијан.

Не требаше. За тебе дружељубивоста доаѓа природно. Те нарекуваа „градоначалникот“ во основно училиште. Танцуваше со мажоретките во средно училиште. Четири години посетуваше предавања на факултет и имаше огромно влијание на сите што ги запозна.

Се сеќаваш ли на сите нешта кои ти велеа дека никогаш нема да ги направиш, Џилс? Дека нема да возиш велосипед или да спортуваш. Дека нема да стигнеш до факултет. И дека со сигурност нема да се омажиш. Сега... погледни се.

Ти си најмилата личност која ја познавам. Сите сакаме да познаваме некој кој е способен да живее живот со емпатија и сочувство и без задни намери. Тебе ти се насмевна среќата, заради личноста која си.

Би ти рекол да му го дадеш целото твое срце на твојот свршеник Рајан, но така само би го кажал очигледното. Би ти рекол да бидеш добра и нежна со него. Но, ти веќе го правиш тоа со сите кои ги познаваш. Би ти посакал живот полн со пријателство и заемна почит, но вие веќе сте една деценија заедно, па почитта и пријателството веќе се очевидни.

Пред една деценија, кога еден младич влезе во нашиот дом облечен во костум, со корсаж од орхидеи во рацете и ми рече: „Господине, тука сум за да ја одведам вашата ќерка на матурската забава“ исчезна секој страв кој некогаш сум го имал за твојот живот.

Џилијан и татко ѝ Пол

Сега, ти и Рајан започнувате сосема различно патување заедно. Пред вас е нов предизвик, но тој за вас не е пострашен одошто за сите останати. Среќата доаѓа лесно за тебе. Како и твојата способност да ги усреќуваш другите.

Те гледам сега. Подготовките завршија, вратата се отвора. Моето мало девојче, облечено во бело го минува прагот на уште еден остварен сон. Стојам без здив, скаменет и целосно внесен во моментот. „Изгледаш прекрасно“ е најдоброто што можам да го изговорам.

Џилијан ми се заблагодарува.

„Засекогаш ќе бидам твоето мало девојче“ – вели таа.

„Да, ќе бидеш“ – успевам да кажам.

„Време е да тргнеме“ – велам. „Ни претстои важна прошетка.“

Џилијан и татко ѝ Пол Џилијан и татко ѝ Пол Џилијан и татко ѝ Пол
Tags
Даунов синдром

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.