Емотивно: Астронаутите крстија светол кратер на Месечината со името на сопругата на командантот која почина од рак во 2020 година
Емотивен момент во вселената насолзува очи низ светот.
Астронаутите од мисијата „Артемис II“ одлучија да остават личен белег на Месечината, откако забележале неименувани кратери на површината.
Еден од нив одлучиле да се вика „Керол“, во чест на сопругата на командантот Рид Вајсман, која почина од рак во 2020 година.
Кратерот, опишан како „светла точка“, има особено симболично значење, бидејќи во одредени моменти е видлив од Земјата.
Додека астронаутот Џереми Хансен го објаснуваше значењето на името, Вајсман не можеше да ги сокрие солзите, по што доби прегратка од целата екипа.
„Изгубивме сакана личност, нејзиното име беше Керол, сопругата на Рид, мајка на Кејти и Ели... Тоа е светла точка на Месечината и би сакале да го наречеме Керол“ – сподели Хансен пред да го изговори името буква по буква.
Покојната Керол Вајсман била медицинска сестра во Оддел за неонатална интензивна нега, посветена на спасување животи на новороденчиња. Таа почина во 2020 година, а Рид продолжи да се грижи за нивните две ќерки како самохран татко.
Денес, нејзиното име може да се најде високо над нас, на Месечината.
Мисијата „Артемис II“ претставува историски момент, бидејќи астронаутите отпатуваа подалеку од кој било човек досега.
Нивното враќање на Земјата е планирано за 10 април, кога ќе слетаат во Тихиот Океан.