• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Емотивни фотографии од мајка која го дои своето бебе со една града откако ја изгуби другата поради рак

9 декември 2016, 10:40
  • cподели

Фотографиите на Кели Ни ќе ве исполнат со емоции и ќе ви ја покажат моќта на женското тело.

На нив, грижливата мајка го дои своето новороденче со една града, бидејќи другата ѝ била отстранета како последица на рак на дојка. Малото бебенце ѝ е петто дете на Кели.

Кели Ни Кели Ни

Во текст на својот блог со наслов „Едната града се обиде да ме убие, другата го одржува моето бебе живо“, 36-годишната жена раскажува дека и покрај сите предизвици е благодарна што добила можност да негува уште еден живот.

Две години пред породувањето на Кели ѝ била отстранета едната града поради рак и таа морала да помине низ третмани со хемотерапија. Веста за бременоста по борбата со ракот ѝ била најголемата награда, која ѝ помогнала да излезе од канџите на анксиозноста и депресијата и конечно да го прифати своето тело.

„Сфатив дека нема од што да се срамам. Имав рак, мојата града се обиде да ме убие, но сега мојата друга града храни и придонесува за животот на друго човечко суштество. Имам врска на љубов и омраза со моите гради. Мразам што тие се обидоа да ме убијат, но го сакам тоа што можам да го хранам моето бебе. На моите деца не им е гајле што имам само една града, не им е гајле за мојот изглед, не им е гајле дека моите гради имаат лузни. Но, важен им е фактот што сум жива, што сум способна да им овозможам храна и што се премногу сакани“ – пишува таа.

Кели Ни

„Научив дека среќата не завршува, треба само да ѝ дадете време и таа ќе се случи повторно... или барем тоа беше така кај мене“ – додава Кели.

Tags
рак

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.