• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Моќни фотографии: Емотивна мајка со рак на дојка го дои новородениот син

27 април 2015, 12:05
  • cподели

Една фотографија, илјада зборови.

Честопати не се потребни многу зборови и фотографиите раскажуваат цели приказни и предизвикуваат најсилни емоции. Таков е случајот со фотографиите од разнежнета мајка која го дои својот новороден син.

Мајка и син

Мајката, чиј идентитет не е откриен, во текот на бременоста дознала дека има рак на дојка во трет стадиум. Таа била принудена да прима хемотерапија и оперативно да си ја отстрани дојката, а имала индуцирано породување во 36. недела од бременоста со цел да продолжи со лекувањето.

Мајка и син

Фотографката Кејт Мари, која застана зад објективот во породилната сала, ги објави емотивните фотографии на Facebook и допре до илјадници срца. Нејзината објава е споделена повеќе од 100 илјади пати. Во описот на фотографиите, Мари пишува:

„Ова е дефиниција за сила, љубов и чиста убавина. На мајката ѝ беше дијагностициран рак на дојка во трет стадиум кон средината на нејзината бременост. Едната дојка ѝ беше отстранета и примаше хемотерапија додека го носеше своето бебе-чудо.“

„МОМЧЕТО се роди подготвено да му ја покаже на светот силата која ја наследи од својата силна мајка. Тоа само започна да цица од нејзината преостаната дојка, а во собата избија многу емоции. Доењето е многу света врска, а оваа ми го разби и зголеми срцето истовремено.“

Tags
мајка
доење
рак на дојка

Најнови

  • Засекогаш млади

    „Засекогаш млади“: Близначките Маријана и Росана со нова песна со Дац и Александар

    Thu, 08/06/2026 - 08:30
  • Летна романса: Александра Заева со саканиот Филип ужива на одмор

    Wed, 08/05/2026 - 23:05
  • Спектакуларни огномети и романтика: Елена од „Живот со стил“ и Љупка Митрова со сопрузите на Азурниот брег

    Wed, 08/05/2026 - 22:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.