Емотивен момент: Дарко Лазиќ ја расплака вдовицата на Тома Здравковиќ, па слезе од сцената и ја прегрна и бакна
Во Сината сала на Сава центарот во Белград синоќа се одржа голем концерт посветен на легендарниот пејач Тома Здравковиќ, на кој се пееја неговите најголеми хитови.
На сцената се менуваа негови колеги и пријатели, а публиката во еден глас ги пееше добро познатите песни. Меѓу изведувачите беше и Дарко Лазиќ, кој расплака сопругата на Тома, Гордана Здравковиќ.
Емотивниот момент се случи кога Лазиќ ја запеа песната „Тужно лето“. Гордана седеше во првиот ред и не успеа да си ги сокрие силните емоции кои ја совладаа.
Додека одекнуваа стиховите на песната, Гордана се расплака, а Дарко слезе од бината и ја прегрна.
Пред почетокот на концертот, Гордана откри дека особено се радува за настапот на Лазиќ кој пак зборуваше за тоа колку му значат песните на Тома.
„Многу ги сакам песните на Тома и многу од нив ги пеам на настапите. Овој пат ќе изведам три негови песни: ‘Тужно лето’, која ми е омилена, потоа ‘Јелена’ и ‘Свирајте ми тихо, тише’. Со песните на Тома се пати“ – изјави Лазиќ.
Тој се присети и на периодите кога токму песните на Тома ги слушал во моменти на голема тага.
„Кога баш тагував ги слушав неговите песни... Повеќе не тагувам, сега сè оди на подобро, среќен сум“ – рече пејачот.
На настанот, Дарко пристигна со сопругата Катарина и ќеркичката Срна.