Елитна руска свадба за која зборува светот: Венчаницa од Зухаир Мурад, чеиз од илјадници евра, 600 гости...
Луксузна свадба која се одржа во Москва го привлече вниманието на светските медиуми. Ајна Џабраилова, внука на олигархот Умар Џабраилов, стапи во брак со Хајдар Шерипов, а нивната венчавка беше планирана да го покаже нивниот статус.
Невестата носеше венчаница од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад.
Во Москва, Ајна отпатува со 32 дизајнерски куфери во кои беше сместен нејзиниот чеиз. Само куферите, кои се од брендови како Луј Витон и Версаче, чинат околу 260.000 евра.
На свадбената прослава во елитната сала „Сафиса“ биле поканети 600 гости.