Елена Реи мамеше погледи на The Haute Wed Gala во Скопје.
На свеченоста во PARK by Ragusa, македонската убавица го истакна својот сексапил во разигран фустан со разголен грб.
Атрактивната манекенка, која неодамна објави дека се повлекува од модниот свет, уживаше во впечатливиот перформанс, осмислен во духот на стариот Холивуд и раскошот на „лудите дваесетти“, епоха препознатлива по гламурот, пердувите, бисерите и заводливата кабаре атмосфера.
Настанот беше организиран од Сандра Матеска Блатт, која стои зад модното ателје Atelier Per Sempre.
Елена беше во друштво на фотографот Стефан Соколовски, познат како Badstef.
Фото: Кики Муки, Мартин Андонов, City Plus Photography, Krstevski Photography / The Haute Wed Gala 2026