Елена Петреска прослави роденден во Белгија: „Благодарна сум за сè што Бог ми испрати на патот“
Елена Петреска го прослави својот 46-ти роденден во Белгија, каде сега живее со своето семејство.
Македонската поп пејачка сподели фотографии од двете прослави со најблиските. Познатата музичарка објави емотивна порака во која истакна дека оваа година, повеќе од кога било, чувствува благодарност за животот, семејството и сите предизвици кои ја направиле посилна.
„Денес моето срце е полно, благодарно за овој прекрасен живот, за секој благослов, секоја лекција, секоја личност што го оди ова патување со мене, за моето прекрасно семејство и за привилегијата да го правам она што го сакам.
Оваа година, мојот роденден е посветен на благодарност, животот е полн со предизвици, но јас сум благодарна за сè што Бог ми испрати на патот, бидејќи знам дека тој ме штити мене и моето семејство!🙏☀️🤍
На здравје за уште една година растење, верување, пеење и созревање. 🤍“ – напиша таа.