Елена Папаризу, Сертаб Еренер и Шарлот Перели повторно на евровизиската сцена со победничките песни
Поранешни евровизиски победнички настапија повторно на големата евровизиска сцена.
Синоќа, на втората полуфинална вечер во Малме своите хитови ги изведоа Елена Папаризу, Сертаб Еренер и Шарлот Перели.
Грчката претставничка Папаризу ја освои европската публика со песната „My Number One“ во 2005 година, Турчинката Сертаб победи на музичкиот натпревар во 2003 година со песната „Everyway That I Can“, а Перели ѝ однесе победа на Шведска со песната „Take Me to Your Heaven“ во 1999 година.
Погледнете го нивниот настап со евровизиските хитови:
Погледнете како изгледаа тие на нивните претставувања на Евровизија:
Елена Папаризу (2005)
Сертаб Еренер (2003)
Шарлот Перели (1999)
