Елена Јовческа сподели преслатки фотографии од крштевката на ќеркичката: „Нека целиот живот ти биде убав“
Елена Јовческа направи крштевката за 10-месечната ќеркичка Талија.
Македонската поп-фолк пејачка ѝ приреди посебен ден на својата мала принцеза и сподели видео и албум со фотографии. Малата Талија изгледа преслатко во бело фустанче со голема црвена панделка во задниот дел.
„Еден посебен ден за нашата најголема љубов. 🤍✨ Ден исполнет со насмевки, прегратки, љубов и најубави спомени. 🕊️ Среќна крштевка, ќерко моја! Нека целиот живот ти биде убав како денешната прослава. 🤍🥂✨“ – напиша Елена.
Елена сподели дека стана мајка на Митровден, 8 ноември, минатата година.