Ели Сааб е ненадминлив виртуоз кога станува збор за гламур и софистицираност. Преку колекцијата „Портрет на еден сон“, либанскиот дизајнер ни претставува модна визија во која изобилството и блесокот го диктираат секој детаљ, славејќи ја безвременската женственост во нејзиното најпрефинето издание.
„Насликана со нежни пигменти, исцртана низ транспарентни слоеви и украсена со извонредни детали: колекцијата за висока мода на Ели Сааб за пролет/лето 2025 го спојува мајсторството на високата мода со илузијата на уметноста, откривајќи ремек-дело кое како да не е од овој свет.
Инспирирана од романтичниот сјај на импресионистичките градини, секоја креација во оваа етерична колекција е замислена како одделен потег со четка во една совршена, хармонична целина“ – стои во соопштението на ателјето на Сааб.
Уживајте во визуелната магија презентирана во Париз и откријте како изгледа кога модата ќе се претвори во чиста уметност: