• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Ексклузивна регионална премиера на „Убијците на мојот татко 6“ на 15 јануари само на mPLAY TV

13 јануари 2023, 10:15
  • cподели

Популарната крими-трилер серија „Убијците на мојот татко“ се враќа со шеста сезона, a корисниците на МТЕЛ ќе имаат ексклузивна можност од 15 јануари да уживаат во регионалната премиера, еден месец пред останатата публика, преку мобилната апликација mPLAY TV.

Во новата сезона креаторите на оваа веќе култна серија, која се вбројува меѓу најуспешните од продукцијата на Телеком Србија, ни прикажуваат нови крими приказни исполнети со мистерија, како и со битки за вистината и правдата.

Во фокусот на новата сезона од „Убијците на мојот татко 6“ е светот на коцкањето полн лаги и манипулации. Шестата сезона ни носи приказна која е болна, но и поучна, животна лекција за тоа колку малку е потребно за да се премине од „почетничка среќа“ и утехата „можеби не ти е денот“ до моментот кога во само една игра се губи сè – парите, пријателите, семејството, на крајот и животот.

Убијците на мојот татко

Улогите и во новата сезона им се доверени на веќе добро познатите актерски имиња - Вук Костиќ, Марко Јанкетиќ, Тихомир Станиќ, Миодраг Радоњиќ, Марко Васиљевиќ, Мирјана Карановиќ, Нина Јанковиќ Дичиќ, Славко Штимац, Славиша Чуровиќ, Слобода Миќаловиќ, Иван Заблаќански, Ивана Дудиќ и други. Исто така, во серијата се појавуваат и: Славен Дошло, Милан Колак, Никола Ристановски, Александар Димитријевиќ, Тарик Филиповиќ, Соња Дамјановиќ, Милош Влалукин, Сања Јовиќевиќ Поповиќ, Иван Јефтовиќ...

Сценариото за серијата го напиша Наташа Дракулиќ, која се јавува и како нејзин креатор заедно со Предраг Гага Антонијевиќ. Како режисер се потпишува Милош Кодемо.

Сите нови 12 епизоди од „Убијците на мојот татко 6“ од 15 јануари ќе бидат достапни во Видеотеката на mPLAY TV. Апликацијата mPLAY TV е достапна бесплатно за корисниците преку припејд картичките mSTART, тарифниот модел mCONNECT L и пакетот mBOX Trio Max. За повеќе информации на содржините кои што се достапни на апликацијата, но и понудите за услугите на МТЕЛ може да погледнете на mtel.mk.

Комерцијален текст

Tags
MTEL
Мтел

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.