Адријана Лима континуирано негува поминималистички изглед на свеченостите, а Канскиот филмски фестивал не беше исклучок.
Бразилската манекенка зачекори на црвениот тепих во црн фустан од високата мода на Николас Оуквел. Накитот очигледно беше „адутот“ во нејзиниот стајлинг. Па така, на нејзиниот врат блескаше огрлица со дијаманти и смарагди од луксузниот бренд Chopard.
Популарниот ангел на Victoria’s Secret присуствуваше на премиерата на филмот „Garance“ на француската актерка и режисерка Жана Ери.
Канскиот филмски фестивал ќе трае до 23 мај, нудејќи богата програма со долгоочекувани премиери и големи имиња од светската кинематографија. Сметан за еден од најпрестижните настани во филмската индустрија, фестивалот ги обединува новите филмски остварувања и кулминира со доделувањето на традиционалната награда „Златна палма“.