• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Една слика, илјада зборови: Мајка сподели фотографија од моментот кога нејзината мала ќерка се грижи за помалото братче болно од рак

10 септември 2019, 10:20
  • cподели

Мајка објави трогателнa фотографиja која ја покажува реалноста на ракот кај децата, за да ја истакне важноста на семејството во кризни периоди.

Кејтлин Бурџ допре до срцата на илјадници лица од целиот свет споделувајќи еден од моментите во кои нејзината 5-годишна ќерка се грижи за 4-годишното братче кое страда од леукемија.

На фотографијата направена во јануари, малата Обри нежно го гали по грбот Бекет, кој стои над веце-школка затоа што се чувствува лошо како резултат на хемотерапијата.

Бурџ

Бекет ја добил страшната дијагноза пред 18 месеци. По долги денови поминати во болница, кога се вратил дома, Обри интуитивно започнала интензивно да се грижи за него.

„Се вративме дома на денот на нејзиниот роденден и тоа беше првиот пат кога го виде по дијагнозата. Тој беше многу ситен, не можеше да оди и имаше изгубено многу тежина. Сето тоа ѝ беше чудно. Не знаевме точно како да се справиме со ситуацијата и дали сакаме таа да знае што се случува. Обри се обидуваше да сфати зошто тој не сака да си игра, бидејќи тоа не наликуваше на него. Се прашуваше зошто спие цело време и зошто му е потребна помош во тоалетот. Таа не знаеше што се случува, но од искуство знаеше дека кога нејзе ѝ беше лошо, дека ја триевме по грбот и ѝ помагавме да го надмине тоа. Таа го галеше по грбот и му велеше дека сè ќе биде во ред, му го изми лицето и рацете. Веднаш потоа, таа го однесе во дневната соба и го легна на каучот. Ме праша дали да го исчисти тоалетот, но јас ѝ кажав да остави дека тоа не е нејзина работа. Самостојно помага и се труди сè што тој ќе допре да биде чисто. Таа ни е како уште еден пар очи“ – раскажа Кејтлин.

Бурџ Бурџ

Од јануари, кога била направена фотографијата, па досега, Бекет напредува многу добро, но лекувањето на малото момче ќе продолжи уште две години. На Facebook страницата посветена на Бекет, мајката напиша:

Едно нешто што не ти го кажуваат за ракот кај децата е тоа што го засегнува целото семејство. На некои од вас, ова им е тешко да го гледаат или читаат. Моите две деца, родени на растојание од 15 месеци, преминаа од играње заедно на училиште и дома до седење заедно во ладни болници. Мојата ќерка, која тогаш имаше 4 години, го гледаше своето братче како оди од амбуланта до оддел за интензивна нега. Таа гледаше дузина доктори како ставаат маска на неговото лице, го прободуваат со игли и му вбризгуваат дузина лекарства низ телото додека тој лежеше беспомошно. Таа не знаеше што се случува. Само знаеше дека нешто не е во ред со нејзиното братче, нејзиниот најдобар другар.

Месец дена откако беше пуштен од болница, таа го гледаше како се мачи да оди и игра. Живото и енергично момче кое таа го знаеше сега беше тивко, болно и поспано мало момче. Таа не разбираше како тој одеше претходно, а сега не можеше ниту да стои без помош. Зошто ја земавме неговата сестра со нас и зошто требаше да го гледа сето ова на мала возраст? На децата им треба поддршка и блискост и не треба да бидат чувани на дистанца од личност која е болна. Таа помина доста време до него во бањата додека му беше лошо. Таа остана до него. Таа го поддржуваше и се грижеше за него, без оглед на ситуацијата. До денес, тие се поблиски. Таа секогаш се грижи за него.

Повраќање помеѓу игрите. Будење за повраќање. Стоеше покрај нејзиното братче и го галеше по грбот додека му беше лошо. Од 13 на 9 килограми. Ова е ракот кај децата.

Септември е месец за подигнување на свеста за ракот кај децата.

Бурџ Бурџ Бурџ Бурџ Бурџ
Tags
емотивно

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.