• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Една сцена, звук на светот: Денес започнува Фестивалот на музика од светот во Битола

23 ноември 2023, 08:22
  • cподели

Сцената е поставена за 15-тото издание на фестивалот кој ќе го слави жанрот „world music” од 23 до 25 ноември во Битола.

Домаќин на фестивалот е НУ Центар за култура, а на средбата со новинарите беше даден примамлив поглед на програмата на фестивалот, поканувајќи ја публиката да биде дел во прославата на глобалната музика.

„Додека ситно броиме до стартот на ова јубилејно издание, сакам да се вратам наназад и на сите славни имиња кои стапнале на сцената на Центарот за култура. А таа листа е навистина неверојатна и е доказ за каков музички настан се работи и како овој Фестивал на музиката од светот стана составен дел не само од битолското културно ткиво, туку е важен и за публика од нашата земја и надвор од нејзините граници. Гостувањето на Лајбах, кој доаѓа во Битола во рамките на нивната официјална европска турнеја привлече публика и од соседните држави и тоа е за мене доказ дека можеме и повеќе“ - истакна Маја Андоновска-Илијевски на прес конференцијата.

Прес за Фестивалот на музика од светот во Битола

Оваа година, под звучниот слоган „Една сцена, звук на светот“, конципирана е програма од страна на селекторот Владимир Димовски која е доказ за различноста на човековото изразување преку музиката, со уметници кои доаѓаат од различни страни и кои се собираат во Битола за да ги споделат своите уникатни музички приказни.

„Посебно сум воодушевена што сум сведок на зближувањето на соработките, па така оваа година во ОФФ програмата имаме партнерство со Europe House Битола и со Олабај, како поддршка на нашите намери да го шириме фестивалот” - истакна Андоновска-Илијевски.

Прес за Фестивалот на музика од светот во Битола

„Олабај постои да ја поврзи меѓународната програма на фестивалите со локалната сцена. Па така ги надополнувавме програмите на дел од меѓународните фестивали во Битола. Така, во овој фестивалски проект ја организираме промоција на првиот самостоен албум на Горан Таневски - Асценд.“

„Без сомнение Горан Таневски е една од најмаркантните личности на македонската музичка алтернативна сцена. Eден интересен податок би сакала да споделам со Вас, токму Горан Таневски како концертен промотор за прв пат ја доведува словенечката група Laibach во Македонија. Тоа се случи пред добри 30 години, а годинава тие заедно ќе ја делат сцената на Фестивалот на музика од светот во Битола. Со тоа слоганот Една сцена, звук на светот добива вистинско значење“ - изјави Маја Ангеловска од Олабај.

Креирање и поддржување на настани од областа на културата кои се важен фактор за децентрализација на културата и анимирање на младата публика во Битола се фокус на Europe House Bitola, па оттука и нивната поддршка.

Прес за Фестивалот на музика од светот во Битола

„Ако музика од светот е пулсот, нашите локални изведувачи се гласот и јадрото на културниот бран кој непрекинато треба да се шири и поддржува. Под мотото #SupportLocalArtists, ја поддржуваме и ОФФ програмата на ова издание на Фестивалот на музика од светот“ - истакна Иван Дургутовски, координатор за настани на Europe House Bitola - алатка за комуникација на Делегацијата на Европската Унија.

Прес за Фестивалот на музика од светот во Битола

За крај беше упатена благодарност до посветениот тим во Центарот за култура, покровителите, спонзорите и се разбира бројната публиката по која се познати сите настани на Центарот за култура.

фото | Диоген Хаџи Коста Милевски

Tags
Фестивал на музика од светот
Битола

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.