• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Една на милијарда: Мајка ги роди сите четири ќеркички на ист датум во различни години

2 октомври 2024, 09:35
  • cподели

Дали верувате во судбина?

Кристин Ламерт несомнено верува. 35-годишната мајка ја роди четвртата ќерка спонтано и непланирано на истиот ден од годината како и другите три ќерки.

9-годишната Софија, 6-годишната Џилијана и 3-годишната Миа се родени на 25 август само во различни години. Сега, во славењето заеднички роденден им се придружи и нивната новородена сестричка Валентина.

Кристин Ламерт Кристин Ламерт

Во неверојатна игра на судбината, која се проценува дека се случува само еднаш на милијарда, малата Валентина дојде на овој свет екстра рано, на роденденот на сестричките. Таа требало да се роди на 25 септември.

„Не ни се верува, сè уште не можеме да поверуваме.“

„Роденденот на моето куче додека растев беше на 25 август. Потоа, 10 години подоцна, се роди Софија и ние мислевме дека тоа е кул. Кога дојде Џилијана, се роди малку порано. Потоа дојде Миа, таа подрани малку повеќе, а сега Валентина се роди екстра, екстра рано. Ниту ние не можеме да го разбереме концептот“ – објаснила мајката.

Кристин Ламерт Кристин Ламерт

Ниту едно од породувањата на Кристин не било планирано, „ниту едно не е со царски рез, ниту едно не требало да се случи на начинот на кој се случи“.

„Ова воопшто не е често. Дури и ако се обидуваш да го погодиш тајмингот, логистички би било многу многу тешко. Лудо е што ги роди сите деца природно, непланирано, на истиот ден, во различни години“ – рекла докторката Меган Греј, која работи во болницата каде што се породи Кристин.

Кристин Ламерт Кристин Ламерт

Валентина дошла на овој свет многу порано од очекуваното поради компликациите кои ги имала Кристин во бременоста. Таа страдала од прееклампсија, состојба која се карактеризира со висок крвен притисок.

„Ми рекоа да лежам и да внимавам за предупредувачки знаци. Тие се појавија на 23 август. Погледот ми беше навистина заматен и ми рекоа да одам во болница. По кратко време се претворив во итен случај. На полноќ на 25 август, знаевме дека ќе се роди на тој ден, но не бевме подготвени“ – објаснила таа.

Валентина се родила предвреме, но била многу здраво и силно бебе.

Секое од децата на парот е родено точно на три години растојание.

Кристин Ламерт

Гинисовиот рекорд за најмногу родени деца на ист ден во едно семејство е пет и го држи семејство од Вирџинија.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.