• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ед Вествик, ѕвездата од „Gossip Girl“, негира дека ја силувал актерката Кристина Коен

7 ноември 2017, 22:00
  • cподели

Откако низ светот одекна веста дека актерката Кристина Коен го обвинува за силување, Ед Вествик се огласи на социјалните мрежи.

Ед Вествик

Актерот, познат по улогата на Чак Бас во серијата „Gossip Girl“, тврди дека не ја познава Кристина. „Не ја познавам оваа жена. Со сигурност никогаш не сум извршил силување“ - напиша тој.

A post shared by Ed Westwick (@edwestwick) on Nov 7, 2017 at 8:46am PST

Кристина во детална објава на Facebook ја опиша вечерта кога наводно Ед сексуално ја нападнал.

„Отидов во гостинската соба, легнав и заспав. Бев разбудена одненадеж од Ед кој беше легнат над мене, а неговите прсти влегуваа во моето тело. Му реков да престане, но тој беше силен. Се борев со него колку што можев, но тој ми го зграби лицето, ме тресеше и ми велеше дека сака да има секс со мене. Бев парализирана, преплашена. Не можев да зборувам, не можев да се движам. Тој ме држеше и ме силува“ - напиша Кристина.

Кристина Коен

Пораката на Кристина:

Бев сексуално нападната пред три години. Тоа беше мрачен период во мојот живот. Мајка ми умираше од рак и немав поддршка или време за да се справам со последиците од силувањето. Ја закопав болката и вината за да направам простор за бурата која дојде по смртта на мајка ми, три месеци подоцна.

Дури и сега, ме измачува чувство на вина. Неоснована грижа дека на некаков начин јас бев виновна. Не знам од каде доаѓаат овие чувства. Можеби од мислењето во општеството дека сè е секогаш по вина на жената? Дека тоа што маж не може да се задржи подалеку од нашите тела е некако поради нас, а не поради него?

Созреав значително во трите години по нападот, па навраќањето на него е болно...

Кратко време се состанував со продуцент кој беше пријател со актерот Ед Вествик. Тој продуцент ме однесе во куќата на Ед, каде првпат го сретнав Ед. Сакав да си заминам кога Ед предложи сите да имаме секс. Но, продуцентот не сакаше со заминувањето да направи Ед да се чувствува непријатно. Ед инсистираше да останеме на вечера. Јас реков дека сум уморна, обидувајќи се да ја напуштам непријатната ситуација. Ед предложи да дремнам во гостинската спална соба. Продуцентот рече дека ќе останеме само уште 20 минути за да ја „смириме“ ситуацијата и дека потоа ќе си заминеме.

Отидов во гостинската соба, легнав и заспав. Бев разбудена одненадеж од Ед кој беше легнат над мене, а неговите прсти влегуваа во моето тело. Му реков да престане, но тој беше силен. Се борев со него колку што можев, но тој ми го зграби лицето, ме тресеше и ми велеше дека сака да има секс со мене. Бев парализирана, преплашена. Не можев да зборувам, не можев да се движам. Тој ме држеше и ме силува.

Беше кошмар, а деновите кои следуваа не беа ништо подобри од тоа.

Продуцентот ми ја префрли вината мене, велејќи ми дека сум била активен учесник. Велејќи ми дека не смеам да кажам ништо, затоа што Ед ќе повика луѓе кои ќе ме уништат и дека можам да заборавам на актерската кариера. Велејќи ми дека нема начин да речам дека Ед ме силувал и дека не сакам да бидам „таа девојка“.

И долго време му верував. Не сакав да бидам „таа девојка“.

Сега ги разбирам начините на кои ваквите мажи кои имаат моќ ги „ловат“ жените и оваа тактика се користи многу често во нашата индустрија и сигурно во други индустрии.

Одвратно ми е да гледам мажи како Ед се почитувани во јавност. Се интервјуирани од престижни платформи како Оксфордската унија на Универзитетот Оксфорд, каде беше почестен како еден од нивните „луѓе кои го обликуваат нашиот свет“. Резултатот на тоа? Мажи како Ед ја користат славата и моќта да силуваат и да заплашуваат, а потоа продолжуваат низ светот собирајќи награди и признанија.

Се надевам дека моето признание ќе им помогне на други да знаат дека не се сами, дека не треба да се обвинуваат себеси и дека не е по нивна вина. Се надевам дека моите стории и сториите на другите ќе помогнат да се ресетираат и променат токсичните средини и нарушените рамнотежи во моќта кои се креирани од овие чудовишта.

Скандалите со сексуално малтретирање го тресат Холивуд веќе подолго време, откако десетици жени го обвинија Харви Вајнстин дека сексуално ги вознемирил и нападнал.

Tags
Кристина Коен
Ед Вествик

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.