Ѕвездите од „A Star Is Born“: Лејди Гага во гламурозен фустан од Армани се сретна со Бредли Купер на SAG Awards
Лејди Гага однесе гламур на сивиот тепих на доделувањето на SAG Awards.
На синоќешната манифестација во Санта Моника, 35-годишната пејачка изгледаше занесно во бел фустан со отворено деколте од Армани.
На свеченоста, Лејди Гага се сретна со Бредли Купер со кого глумеше заедно во филмскиот хит „A Star Is Born“. Славните актери позираа заедно пред фоторепортерите.
