Ѕвездите од „Грдата Лети“ повторно заедно: Актерката Анхелика Вале доби ѕвезда во Холивуд
Се сеќавате на мексиканската теленовела „La fea más bella“ или кај нас позната како „Грдата Лети“?
Главната протагонистка Анхелика Вале пред неколку дена доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните, а на настанот ја доби поддршката од целото семејство и колегата од серијата Хаиме Камил, кој го глумеше Фернандо Мендиола.
На церемонијата, славните колеги позираа заедно, па фановите не можеа да останат рамнодушни.
Присутна беше и Анхелика Марија, мајката на Вале во вистинскиот живот, која глумеше нејзина мајка и во серијата „Грдата Лети“. И Анхелика е одлична актерка која има своја ѕвезда во Холивуд.
47-годишната актерка доби честитки и од сопругот и двете деца.