• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Дуа Липа сподели фотографии од отмената свадба, објави дека Кети Пери ќе пеe во Приштина

5 јуни 2026, 11:25
  • cподели
Дуа Липа и Калум Тарнер

Дуа Липа со неколку фотографии им ја сподели на фановите веста дека заплива во брачните води. Музичката ѕвезда на Instagram објави фотографии од отмената церемонија на која стапи во брак со Калум Тарнер.

За регистрацијата, Липа избра елегантен бел комплет од Скијапарели и го искомбинира со дамски шешир и салонки од Кристијан Лобутин. Невообичаениот невестински стајлинг многумина ги потсети на изгледот на Бјанка Џегер на нејзината свадба со Мик Џегер.

Липа и Тарнер склучија граѓански брак во Лондон, а викендов ќе направат голема свадбена прослава на Сицилија.

Додека фановите чекаат да ѕирнат во луксузната забава која се подготвува во Италија, Липа ги изненади со веста дека ја поканила Кети Пери да пее на Sunny Hill Festival во Приштина и дека таа прифатила.

Во видео-разговор меѓу двете пејачки, Пери вели: „Многу сум возбудена што ќе одам во Косово“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SUNNY HILL FESTIVAL (@sunnyhillfestival)

Sunny Hill Festival е еден од најзначајните и највпечатливите музички настани во Југоисточна Европа. Основан од Дуа и нејзиниот татко Дукаѓин Липа, фестивалот претставува вистински магнет за десетици илјади љубители на музиката. Годинава ќе се одржи на 31 јули и 1 и 2 август.

Кети Пери
Tags
Дуа Липа
Кети Пери

Најнови

  • „Страв“: Виктор Апостоловски со емотивна песна за синчето Адам кое е ѕвезда и во спотот

    Fri, 06/05/2026 - 11:50
  • Мелис, Мира и Малахат

    Мелис, Мира и Малахат го слават првиот роденден: Тројката во емотивна посета на тимот на Клиника Жан Митрев каде дојде на свет

    Fri, 06/05/2026 - 11:43
  • Дуа Липа и Калум Тарнер

    Дуа Липа сподели фотографии од отмената свадба, објави дека Кети Пери ќе пеe во Приштина

    Fri, 06/05/2026 - 11:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.