• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Државна видеолотарија ги поддржа младите хемичари од Македонија

14 јули 2015, 12:15
  • cподели

Од 20 до 29 јули, главниот град на Азербејџан, Баку, ќе биде домаќин на 47-то издание на Меѓународната олимпијада за хемија. Организатор на оваа олимпијада е Московскиот државен универзитет Ломоносов. Во нивниот кампус во Баку, годинава ќе се соберат 300 ученици од целиот свет. Во трката за медал ќе се вклучи и македонска екипа под менторство на Стефанова Марина и Богданов Јане. Горјан Стојков, Зоран Гаврилов, Стефанова Елена и Филип Трајковски во Баку ќе се обидат да ги одбранат боите на Македонија со своето знаење од областа на хемијата.

Државна видеолотарија на РМ, препознавајќи го потенцијалот на оваа млада и талентирана екипа, реши да го поддржи нивното учество со донација со која им овозможува да го покажат своето знаење, натпреварувајќи се рамноправно со нивните врсници од светот.

Меѓународната олимпијада за хемија

„Животот е огромна хемиска лабораторија, знаат да кажат научниците. Па, затоа ние одлучивме да ги поддржиме оние кои имаат талент и знаење да ја престават хемиската лабораторија од Македонија во Баку. Ни преставува чест, а воедно и задоволство, што Државна видеолотарија на РМ има шанса да поддржи талентирани млади луѓе кои ќе се обидат да освојат нови подрачја во светот со своето знаење. Ние го препознавме потенцијалот кај овие младинци, па затоа и решивме да ги охрабриме и да ги растеретиме, оставајќи им простор да го покажат своето знаење во најдобро светло на Меѓународната олимпијада за хемија во Баку. Посакуваме да постигнат успех, а воедно нивното учество да биде поттик за создавање на вредности со кои се покажува дека знаењето отвора нови видици и сознанија, но и можности за долгорочно насочување на младите луѓе“ – изјави директорот на Државна Видеолотарија на РМ, Дане Кузмановски.

Меѓународната олимпијада по хемија за прв пат се одржа во 1968, во Прага. Од тој датум, прерасна во годишна традиција која ги собира младите полни со знаење и талент од подрачјето на хемијата, ширум целиот свет. Македонија на Меѓународната олимпијада по хемија се преставува од пред две години, 2013 во Ташкент и 2014 во Витнам. Во 2013 година Филип Илиевски освои бронзен медал и награда за посебен успех.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.