„Другари од првиот училишен ден, па засекогаш“: Ученици и наставници од Струмица со видео за крајот на школската година
Крајот на учебната година во едно одделение од ООУ,,Видое Подгорец“ во Струмица беше одбележан на посебен и емотивен начин. Ученици заедно со наставниците снимија видео инспирирано од легендарната серија „Friends“, испраќајќи силна порака за другарството кое се градело низ годините.
Во описот на видеото, мајката Стојне сподели дека зад насмевките на децата стојат пет години исполнети со учење, дружење и незаборавни спомени, а посебна благодарност упати до учителката и наставниците кои со посветеност и љубов биле нивна поддршка во најважните училишни години.
Другари од првиот училишен ден, па засекогаш!
Зад овие насмевки во видеото стојат 5 години дружење, учење и безброј спомени. Но, ништо од ова немаше да биде исто без столбот на ова одделение, нашата прекрасна учителка Стојка Азманова!
Благодарност од срце до неа и до сите наставници кои не само што ги учеа, туку со љубов ги насочуваа нашите деца во овие клучни години. ❤️
Како родители, прегорди сме на оваа дружина.
Среќно во шесто, дечиња наши и чувајте го оваа прекрасно другарство.