• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Драга мамичке, ти си нивното прибежиште“: Емотивен текст објаснува зошто децата секогаш имаат потреба од Мама

31 јануари 2019, 12:08
  • cподели

Кога на децата нешто им треба, кога се болни, кога се повредени или кога имаат потреба од совет, тие ја довикуваат Мама.

Блогерката Шелби Тенер со емотивен текст објаснува зошто е тоа така. Таа тврди дека децата се чувствуваат најслободни пред мајките, дека можат да им ги доверат сите свои чувства и проблеми, знаејќи дека ќе добијат само разбирање и безусловна љубов.

Мајка и ќерка

Бебето плаче и ништо не помага. Малото дете клоца и вреска на подот. Поголемите деца се тепаат. Тинејџерот презборува. Вака изгледаат повеќето денови за мајките, зарем не?

Твоите деца се однесуваат најдобро што можат пред остатокот од светот, но кога се со тебе, изгледа како сè да се распаѓа. Сигурно се прашуваш себеси: „Зошто не ме слушаат?“, „Зошто ми се секогаш налутени?“, „Каде грешам?“.

Мамичке, не правиш ништо погрешно.

Ти си нивното прибежиште.

Кога твоето бебе ќе започне да плаче, тоа знае дека сè додека е Мама таму, таа ќе дојде. Без разлика колку е часот, колку си уморна, колку долго тоа плачело или дали плачело без никаква причина.

Ти си нивното прибежиште.

Кога твоето мало дете ја сака неговата зелена чаша, а Тато му ја дал сината, тоа знае дека Мама ќе ја поправи грешката. Мама ќе даде сè од себе за да ја разбере неговата импулсивност, да ги излечи неговите рани, да ја пронајде совршената закуска и да ги игра игрите со диносауруси.

Ти си нивното прибежиште.

Твоето дете на школска возраст знае дека Мама ќе биде таму за време на претешката домашна работа и првите вистински тепачки со пријателите и дека ќе му помага да го разбере брзо променливиот свет додека расте. Кога се збунети, вознемирени, среќни, можат сè да ѝ доверат на Мама.

Ти си нивното прибежиште.

Кога твојот тинејџер ќе помине низ првото кршење на срцето, ќе се обидува да пронајде своја смисла за вистинска самостојност или пак ќе биде збунет од сопствените мисли, но тој знае дека Мама секогаш ќе биде таму со раширени раце.

Ти си нивното прибежиште.

Еден ден, кога тие малечки ќе пораснат во возрасни личност и ќе имаат свои бебиња, ќе ѝ се јават на Мама за да побараат совет. Ти секогаш беше и ќе продолжиш да бидеш нивното прибежиште.

Нашите малечки знаат дека без разлика што прават, колку далеку стигнале или колку многу се повредени, дека тие секогаш можат да одат кај Мама за да ја добијат безусловната љубов која им е потребна за да продолжат со животот.

Многу сум благодарна што имам можност да бидам нивно прибежиште.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.