• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Драга Мама, за мене ти си совршена“: Текст од гледна точка на бебето кој ќе допре до секоја мајка

13 јануари 2020, 12:48
  • cподели

Текст напишан од гледна точка на бебето ги потсетува мајките дека во очите на нивните малечки тие се совршени и дека треба да престанат да си бараат маани.

Мел, која е основачка на „Sleep Deprived Mom“, го напиша отвореното писмо со мисија да ги поддржи и охрабри сите родители. „Сите сме во ова заедно“ – пишува таа.

Бебе

Можеби не ти се допаѓа ова Мамо, но мене ми се допаѓа.

Мамо, те гледам како се гледаш себеси во огледалото. Те слушам како му се жалиш на Тато дека имаш „сини кругови“ под очите. Навистина не знам што значи тоа, но претпоставувам дека е поради тоа што си уморна. Седеше будна со мене цела ноќ синоќа. Навистина обожавам кога ме гушкаш сред ноќ додека тишина владее во остатокот од светот. Со тебе се чувствувам безбедно. Можеби не ги сакаш бессоните ноќи, но јас ги сакам.

Го слушам начинот на кој зборуваш за твојот стомак. Не можам да видам како изгледал „претходно“ како што постојано споредуваш. Тврдиш дека е „бљак“ и „непривлечен“.

Тој стомак ме носеше мене, Мамо.

Во него ми беше многу удобно и пријатно. Преубаво ми е кога ме држиш над него сега. Толку е мек и ми дава чувство дека сум дома. Можеби ти не го сакаш Мамо, но јас го сакам.

Те слушам како велиш дека си осамена. Му кажуваш на Тато колку си возбудена кога тој ќе се врати дома за да има со кого да разговараш. Можеш да разговараш со мене, Мамо. Обожавам да ти го слушам гласот. Ме смирува и утешува. Ме релаксира. Еден од моите омилени делови од денот е кога ми пееш или кога ми раскажуваш приказни. Можам да ја поминам секоја минута од секој ден со тебе. Ти ми си омилена. Можеби не ја сакаш изолацијата Мамо, но јас ја сакам.

Гледам колку напорно работиш за да ги усреќиш сите, Мамо. Со Тато сме среќни што те имаме. Нема да згрешам ако кажам дека нас нè ставаш пред себе и ние навистина го цениме тоа. Сигурно е многу тешко да си гладна и изморена, но и покрај тоа, да се грижиш прво за мене. Можеби не ти се допаѓаат жртвите кои ги правиш Мамо, но мене ми се допаѓаат.

Те гледам како собираш храна и го чистиш подот секојпат кога јас ќе „јадам“. Обожавам кога учам да се хранам само. Можам да замислам колку е тешко да го одржуваш подот чист. Ми се допаѓа кога храната паѓа на подот, кога се распрскува на сите страни. Сметам дека е смешно кога кучето ја јаде. Учењето е многу забавно! Можеби не ти се допаѓа нередот Мамо, но мене ми се допаѓа.

Често зјапам во тебе и се смешкам.

Понекогаш ги гледам солзите во твоите очи и се прашувам зошто си толку тажна. Те слушам додека разговараш со пријателките и им велиш дека „не личиш на себе во последно време“. Не можам да те разберам, оти за мене ти си совршена. Знам дека и Тато го мисли истото, бидејќи често го слушам како се обидува да те развесели и ми кажува колку си неверојатна.

Можеби не се сакаш себеси во моментов Мамо, но јас те сакам.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.