Летниот одмор носи уживање, но и одредени ризици за кои вреди да бидеме информирани.
Доколку летувате на Јадранот, Егејот, Јонското Море или на некоја друга медитеранска дестинација, добро е да знаете кои животни можат да предизвикаат непријатни повреди и како правилно да реагирате.
Доктор Нико Беќаровски сподели корисни совети за најчестите морски животинки што можат да ви го расипат одморот, како и препораки за прва помош доколку дојде до убод или повреда.
ВРЕМЕ Е НА ЛЕТНИ ОДМОРИ, А МНОГУМИНА ОД ВАС ВЕЌЕ СЕ НА ЈАДРАН, ЕГЕЈ, ЈОНСКО ИЛИ НЕКОЕ ДРУГО МЕСТО НА МЕДИТЕРАНОТ.
ОВА СЕ НАЈЧЕСТИТЕ МОРСКИ ЖИВОТИНКИ КОИ МОЖАТ ДА ВИ ГО РАСИПАТ ОДМОРОТ
Термолабилен отров имаат: морскиот пајак, скорпијата, рибата зајак и морската ража. Затоа потопувањето во вода од 42–45 °C е основна мерка.
Кај медузите, топлата вода не е стандарден третман. Најважно е да не се трие местото, да се исплакне со морска вода (не со слатка), внимателно да се отстранат пипалата и да се даде симптоматска терапија.
Најчеста компликација кај сите прободни повреди е секундарната бактериска инфекција, особено со бактерии од родот Vibrio, па кај подлабоки рани е потребна внимателна проценка за антибиотска терапија.