• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Додека ти мислиш дека ти висат градите, некоја жена посакува да има гради“: Србинка која го победи ракот со моќна порака

15 јули 2026, 10:25
  • cподели

Настасја Недимовиќ, која пред неколку години го победи ракот, сподели моќна порака која сите треба да ја прочитаат.

Поранешната српска ватерполистка, на која во бременоста ѝ беше дијагностицирана опаката болест, ги поттикнува жените да се сакаат себеси онакви какви што се, бидејќи постои некој кој посакува да го има она коешто тие го имаат и го земаат здраво за готово.

Настасја сними видео во кое кажува едни од најчестите критики кои жените си ги даваат самите на себе, а потоа потсетува на она што е навистина важно.    

„Ми висат градите“

Следниот пат кога ќе бидеш премногу строга и самокритична, сети се дека:

Некои жени би сакале и понатаму да ги имаат своите гради... Какви и да се.

„Немам убав струк“

Некои жени би сакале да имаат здрав ‘рбет.

„Сакам рамна коса“

Некои жени би сакале да ја имаат својата коса сега.

„Полна сум со целулит“

Некои жени би сакале да можат да одат - стои во видеото на Недимовиќ.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nastasja Nedimovic (@cancer.influencer)

Еве го текстот во нејзината објава:

Треба да напредуваме, треба да имаме соништа и желби, но истовремено треба да бидеме и реални и благодарни.

Многу работи поврзани со мојот физички изглед ги изгубив за време на мојата борба со ракот. Моето тело многупати се промени, а јас и денес знам понекогаш да си најдам мана, па сама со себе ќе се „искарам“, а потоа ќе се приберам. 😁

Многу работи можат да се подобрат со тренинг и правилна исхрана, и јас самата се трудам, но да не одиме во другата крајност и никогаш да не ни биде ништо доволно добро.

Понекогаш треба искрено да се пофалиме за сè што сме поминале, постигнале, издржале и успеале.

Тие гради што сега се опуштени ги доеле и ги израснале нашите деца.

Тој 'рбет издржал сè и сешто.

Таа коса опаднала толку многу пати.

А многупати во животот имаме многу повеќе од она што, за жал, некој друг го нема.

Токму тие гради, токму таа коса, токму тие нозе – какви и да се.

Сакајте се.
Јас се сакам.
А ве сакам и вас. 🤎

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nastasja Nedimovic (@cancer.influencer)

Настасја Недимовиќ Настасја Недимовиќ Настасја Недимовиќ

На само 27-годишна возраст, додека била во шестиот месец од бременоста, на Настасја ѝ бил дијагностициран мултипен миелом – рак на коскената срцевина. Следувале предвремено породување, повеќе циклуси хемотерапија, трансплантација на коскена срцевина и долг процес на рехабилитација во кој морала повторно да учи да седи и да оди. 

Денес, откако ја победи болеста, преку својот Instagram профил ги мотивира луѓето со искрени сведоштва, здрав начин на живот и пораки за љубов кон себе.

Настасја Недимовиќ Настасја Недимовиќ

Tags
Настасја Недимовиќ

Најнови

  • Македонката Мила Арсовска: „Имав две години кога ме прегази воз, дел од стапалото ми беше ампутирано“

    Wed, 07/15/2026 - 11:45
  • „Додека ти мислиш дека ти висат градите, некоја жена посакува да има гради“: Србинка која го победи ракот со моќна порака

    Wed, 07/15/2026 - 10:25
  • „Денес полнам 63, а тоа се новите 36“: Игор Џамбазов со објава за роденденот, доби честитка и од бившата Илина Арсова

    Wed, 07/15/2026 - 09:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.