• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Добрината со добрина се враќа: Повеќе од милион долари собрани за повредениот маж кој го разоружа еден од напаѓачите во Сиднеј

15 декември 2025, 09:11
  • cподели

Ахмед ал Ахмед покажа исклучителна пожртвуваност и бестрашност во клучен момент, спасувајќи многу животи за време на крвавиот напад на плажата Бонди во Сиднеј. 

Сега светот му возврати со добрина и собра повеќе од 1 милион долари за лекување и закрепнување од прострепните рани нанесени додека ги штител другите.

Во моменти на целосен хаос и страв, кога повеќето луѓе се обидувале да се засолнат, Ахмед без двоумење се соочил со опасноста и помогнал да се разоружа еден од напаѓачите. Со тој храбар чин, според проценките, спречил уште поголема трагедија. За време на интервенцијата, Ахмед бил застрелан двапати.

Неговата храброст не остана незабележана. Само неколку дена по настанот, преку онлајн кампања за собирање средства, луѓе од целиот свет се обединија за да му помогнат. Речиси 1 милион долари се собрани како поддршка за неговото лекување, закрепнување и справување со психолошките последици од траумата.

Откако бевме сведоци на извонредните постапки на херојот кој помогна да се разоружа еден од напаѓачите за време на трагедијата во Бонди, чин со кој беше спречена загубата на безброј животи, почувствувавме обврска да преземеме акција.

Во момент на хаос и опасност, тој истапи без двоумење. Неговите постапки беа несебични, инстинктивни и неспорно херојски, преземени без никаква грижа за сопствената безбедност. Според првичните информации, тој бил застрелан двапати додека ги штител другите.

Овој GoFundMe е создаден за да ја изразиме нашата благодарност и поддршка за човек кој покажа неверојатна храброст кога тоа беше најпотребно.

Започнуваме со почетна донација од 50.000 долари, во чест на овој вистински херој и за да му помогнеме во закрепнувањето и справувањето со долгорочните последици од ова трауматично искуство.

Никој не очекува да биде херој, но кога дојде моментот, тој беше токму тоа.

Секој придонес, без разлика на големината, е моќен начин да се каже „благодарам“ – стои во апелот.

Нападот на плажата Бонди се случи на еврејскиот празник Ханука, кога двајца напаѓачи, татко и син, започнале да пукаат во насобраните луѓе и убија 15 лица, меѓу кои и 10-годишно девојче. Во болница се 42 лица со повреди.

Tags
Бонди
Сиднеј

Најнови

  • Никогаш повеќе сама на dm

    dm обезбеди повеќе од 320 000 бесплатни хигиенски влошки за студентките на државните факултети во академската 2025/2026 година

    Fri, 01/30/2026 - 13:17
  • Гоца Тржан искрено за борбата да има уште едно дете: „Не би се лутела ако Раша се предомисли и посака дете со друга жена“

    Fri, 01/30/2026 - 12:55
  • Тамара Тодевска со децата

    „Не жалам за ништо, сакам да им обезбедам убаво и среќно детство на Хана и Дарен“: Тамара Тодевска искрена за мајчинството

    Fri, 01/30/2026 - 12:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.