• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Добредојдовте во светот на италијанската мода: Луиза Спањоли пристигна во Скопје, во Рамстор Мол!

18 септември 2024, 10:30
  • cподели

Луксузниот италијански бренд со долгогодишна традиција за дамска мода, Луиза Спањоли, носи врвна елеганција и квалитет, нудејќи им на сите дами безвременски модни парчиња кои ја истакнуваат нивната софистицираност.

Зад овој престижен бренд стои името на италијанката Луиза Спањоли, визионерка и претприемачка која со својот иновативен дух остави длабока трага во историјата на модата. Родена во Перуџа, Италија, на 30 октомври 1877 година, Луиза поседувала извонредна креативност и амбиција, создавајќи две големи компании: познатата фабрика за чоколади Перуџина (Perugina) и модната куќа што го носи нејзиното име Луиза Спањоли (Luisa Spagnoli).

Луиза СпањолиЛуиза Спањоли

Како пионерка на женското претприемништво, таа секогаш била пред своето време, создавајќи не само успешни компании, туку и отворајќи го патот за вклучување на жените во индустрискиот сектор во Италија.

По нејзината смрт во 1935 година, синот Марио ја презел компанијата и ја проширил на меѓународно ниво, останувајќи доследен на високиот квалитет и елеганција што го карактеризираат брендот. Првата продавница на Луиза Спањоли била отворена во Перуџа во 1940 година, по што следеле Фиренца, Рим, Милано и Венеција.

Луиза СпањолиПрвата продавница на Луиза Спаљоли во Перуџа

Под водството на семејството Спањоли, брендот продолжил да расте, станувајќи синоним за италијански стил и елеганција. Денес, брендот е управуван од четвртата генерација на семејството, под раководство на внуката Николета Спањоли, која внела модерен пристап кон класичната естетика.

Со својот уникатен стил, Луиза Спањоли стана симбол на „секојдневен луксуз", комбинирајќи висококвалитетни материјали и рачна изработка со пристапни цени.

Луиза СпањолиДел од колекцијата есен/зима 2024

Од 2021 година, брендот зема учествo на официјалната модна недела на Националната комора на италијанска мода, со што го потврдува своето место меѓу водечките модни куќи во светот. Денес, брендот ги задоволува потребите на модерната жена, нудејќи елеганција за секоја пригода преку своите колекции.

Луиза СпањолиПродавницата на Луиза Спањоли во Скопје

Ве покануваме да ја посетите новоотворената продавница на Луиза Спањоли во Скопје, лоцирана на приземјето во Рамстор Мол.
Просторот е дизајниран од тим на италијански архитекти, кои ја доловуваат суштината на минимализмот и елеганцијата, создавајќи простор кој е широк, светол и софистициран.

Луиза СпањолиПродавницата на Луиза Спањоли во Скопје

Во продавницата на Луиза Спањоли, дамите ќе можат да најдат уникатни модни парчиња изработени од најквалитетни материјали, внимателно селектирани за да го задоволат вкусот на секоја жена со изграден стил.

Луиза СпањолиДел од колекцијата есен/зима 2024

Без разлика дали станува збор за формални пригоди, деловен стил или комбинации за секој ден, Луиза Спањоли секогаш ќе ви помогне да изгледате елегантно и самоуверено.

Луиза СпањолиДел од колекцијата есен/зима 2024

Нашиот професионален и внимателно обучен персонал е тука да ви помогне при изборот на совршената комбинација и ќе се погрижи да го најдете вистинското парче облека за секоја пригода, со цел да изгледате блескаво и уникатно.

Луиза СпањолиДел од колекцијата есен/зима 2024

Наскоро, во Рамстор Мол, на Луиза Спањоли, ќе и се придружат и други светски познати и реномирани модни брендови, кои ќе го збогатат вашето модно искуство и ќе ги задоволат сите љубители на луксузот и елеганцијата. Подгответе се за уште повеќе уникатни и ексклузивни парчиња, кои ќе ве освојат на прв поглед.

Дозволете си да бидете дел од италијанската елеганција и современите трендови.

Добредојдовте во светот на Луиза Спањоли!

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.