• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

„Добредојдовте кај дедо Боже!“: Анегдотата за Ѓорѓи Колозов која и денес се раскажува во Велестово

30 јуни 2026, 12:50
  • cподели
Ѓорѓи Колозов

И по повеќе од две децении од неговата смрт, спомените за легендарниот актер Ѓорѓи Колозов не избледуваат. Освен по незаборавните улоги во „Македонските народни приказни“, Колозов остана запаметен и како човек со големо срце, исклучителна харизма и ненадминливо чувство за хумор.

Деновиве неговата фан-страница на Фејсбук, повторно оживеа една приказна од негово време. Имено, беше споделена анегдота која со години се прераскажува во охридското село Велестово, местото каде што Колозов и неговото семејство имале викендичка.

Ѓорѓи Колозов

„Едно пеколно лето, во 1992 година, Ѓорѓи Колозов престојувал во својата викендичка во селото Велестово. Од самиот двор се отвора поглед кон Охрид и целото езеро - како на дланка. Глетка што маѓепсува и засекогаш останува во сеќавањето.

Велестово е сместено високо на ридот над Охрид. Додека се искачуваш по патот кон селото, имаш чувство дека патуваш кон небото.

Недалеку од викендичката на Ѓорѓи и Шенка, група млади луѓе, возејќи се со автомобил, се превртеле на еден од стрмните патишта. Ѓорѓи го видел несреќниот настан и без двоумење истрчал да им помогне.

Во шок од несреќата, младите успеале да излезат од превртениот автомобил. Збунети, не знаеле дали се живи или мртви. А пред нив - белокос и белобрад човек. Запрепастено го гледале, а Колозов, со својот препознатлив глас и неизбежната смисла за хумор, ги поздравил со зборовите:

„Добредојдовте кај дедо Боже!“

Анегдота која и денес се раскажува во Велестово и Охрид, со насмевка и восхит кон човекот чиј дух и во најтешките мигови знаел да внесе топлина, хумор и човечност“ -  пишува во објавата.

Ѓорѓи Колозов

Под приказната стои и коментарот напишан од Мишко Микеле Србиноски, кој преку личен спомен уште еднаш сведочи за човечноста на големиот актер:

„Мојот куќен пријател, човек едноставен граѓанин, ни малку славата не го оддалечи од обичните луѓе. Кога доаѓаше кај мене, сите мои комшии, штом го видеа паркира, чекаа да излезе од кола, па да го поздрават, тој на секого посебно ќе го поздравеше. Истите ден денес ќе ми речат „Колку фали тој човек, царот прерано ни замина, а толку бевме среќни кога доаѓаше кај тебе“...Незаборавен.“

Фејсбук-страницата посветена на Ѓорѓи Колозов секојдневно објавува фотографии, анегдоти и спомени од неговиот живот, со цел да го зачува сеќавањето на човекот кој за многумина засекогаш ќе остане „последниот македонски цар“.

Во еден од емотивните постови, посветен на актерот кој почина во 2003 година, стојат и стиховите:

„Убавите души не умираат.
Нив ниту времето ги засенува,
Ниту смртта ги победува.
Тие ја надживуваат тишината,
остануваат во светлината што ја оставиле...“

Ѓорѓи Колозов
Tags
Ѓорѓи Колозов

Најнови

  • Ѓорѓи Колозов

    „Добредојдовте кај дедо Боже!“: Анегдотата за Ѓорѓи Колозов која и денес се раскажува во Велестово

    Tue, 06/30/2026 - 12:50
  • Топлотен бран

    Топлотен бран: Како да се заштитите и како да реагирате ако ви се слоши или некој е во бессознание?

    Tue, 06/30/2026 - 12:27
  • ЕДС

    ЕДС ја продолжува промотивната кампања: 2 години фиксна цена на струја и подарок Hisense клима уред или Segway електричен тротинет

    Tue, 06/30/2026 - 12:11
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.